Фолк-пејачката Василија рекла дека е Македонка, и заврши во бугарски весници – „го негира своето потекло“
„Василиа дури и го сменила правописот на своето име (тука се мисли дека ја додала буквата ј според македонскиот Правопис, меѓу буквите И и А) на сите социјални мрежи, во Василија“

Познатата фолк пејачка и учесничка во „Гласот на Бугарија“ Василија Петрова „го негирала своето потекло“ и се изјаснила како Македонка, пишува бугарскиот портал Сигнал.
Да не ви го прераскажуваме текстот, еве што си пишува:
– „Уметницата се повеќе време поминува кај нашиот западен сосед, каде настапува како уметник на исклучително радикалното ВМРО. Партијата е позната по тоа што е против вклучување на Бугарите во Уставот на земјата. Василиа дури и го сменила правописот на своето име (тука се мисли дека ја додала буквата ј според македонскиот Правопис, меѓу буквите И и А) на сите социјални мрежи, во Василија“.

Инаку, Василија е од Ќустендил и има учествувано на голем број престижни натпревари во пеење, меѓу кои и „Пирин фолк“, а добитничка е на голем број награди.