Реклама
Наши ѕвезди

Еве со кого Џамбазов ужива во својата нова викендичка – далеку од Скопје, со поглед што остава без здив

На ова волшебно место Џамбазов го пронајде својот мир

Реклама

Џамбазов долго време живееше во селото Сретеново каде уживаше во волшебниот поглед кон езерото, но и во дружбите со нашите познати личности кои често го посетуваа на ова место….

Една од нашите најголеми ѕвезди ужива во својата оаза на мирот со прекрасен поглед кон Дојранското Езеро

Македонскиот актер, музичар и шоумен, Игор Џамбазов, направи викендичка во Дојран каде сега го минува слободното време.

Маркетинг

Тој минатата година ги изненади своите верни фанови кога откри дека гради куќа со преубав поглед на Дојранското Езеро.

Маркетинг
Фејсбук/ Игор Џамбазов

Џамбазов долго време живееше во селото Сретеново каде исто така уживаше во волшебниот поглед кон езерото, но и во дружбите со нашите познати личности кои често го посетуваа на ова место.

Впрочем Игор тоа го прави и сега, само овој пат во своја оаза на мирот и спокојот, а друштво му прави кученцето Ферхунде.

Фејсбук/ Игор Џамбазов

И како што самиот многупати досега истакнал, нему му е најубаво кога е далеку од градскиот метеж, па ова дефинитивно е неговиот рај.

Фејсбук/ Игор Џамбазов

И тоа на едно од најубавите места во Дојран, со поглед од „милион долари“ кон волшебното езеро и изгрејсонце што опива.

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Впрочем сето тоа можевме да го видиме и од неговите последни објави, а во една од нив Џамбазов го покажа и големиот двор.

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Тука е и дрвениот летниковец каде Игор ужива во разговорите со секој што ќе го посети, зборувајќи многу повеќе за природата и општо за животот, отколку за естрадата или политика.

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Слична е ситуацијата и со куќата од која исто така зрачи со магијата на ова место, а од големата тераса и огромните прозори се пружа волшебна глетка кон природата и езерото што остава без здив.

Џамбазов очигледно се потрудил секој детаљ да биде по негов вкус, а во просторот максимално ужива и неговата Ферхунде.

Повеќе фотографии во продолжение…

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Фејсбук/ Игор Џамбазов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button