Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Ова е најголемото богатство на Јордан Митев – пејачот го покажа својот топол дом, ќе се изненадите!

Гордиот татко сподели видео со својата наследничка

Реклама

Пејачот го покажа своето најголемо богатство!

Нашиот познат фолк-пејач и композитор Јордан Митев во октомври го прослави првиот роденден на својата ќерка Кристина.

Пејачот тогаш сподели фотографија со славеничката, но и сопругата Славица со која зачекори под олтарот во 2017 година.

Маркетинг

Тие долго време не можеа да имаат деца, па кога им се роди ќеркичката тоа беше еден од најубавите денови во нивните животи.

Маркетинг
Фејсбук/ Јордан Митев

Гордите родители на својата наследничка и го дадоа името Кристина, по желба на сопругата на Јордан, а пејачот сега покажа и како таа изгледа, но и колку внимателно ја слуша песната на својот татко.

Фејсбук/ Јордан Митев

Имено, тие ја снимаа малата Кристина како стои покрај телевизорот и ја слуша песната од својот татко посветена токму на неа.

Фејсбук/ Јордан Митев

Станува збор за песната „Ќерка“ која што Јордан ја напиша за својата наследничка и истата ја објави по нејзиниот прв роденден.

Фејсбук/ Јордан Митев

И додека гордиот татко пее од телевизорот „твојте очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“, Кристина стои пред екранот и не се помрднува, слушајќи и уживајќи во гласот на својот родител.

Фејсбук/ Јордан Митев

Од снимката може да видиме и како е уреден дневниот престој во семејниот дом, но и колку пораснала малата Кристина.

Фејсбук/ Јордан Митев

Инаку, Јордан деновиве ги изненади сите и со најавата дека наскоро ќе излезе уште една песна од неговата музичка работилница. Песната секако дека многумина веќе со нетрпение ја очекуваат, а како звучи Јордан додека ги пее стиховите за неговата мала принцезичка Кристина, слушнете од видеото во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button