Реклама
Наши ѕвезди

Џамбазов и Мишел Трајковски како во филмот „Луѓе во црно“ – тајни агенти на мисија (фото)

Некои фотографии се толку успешни што инспирираат коментари.

Реклама

Игор Џамбазов и Мишел Трајковски веќе извесен период соработуваат на заеднички успешни проекти.

Во 2023 година ги гледавме заедно во спотот „Ќе те женам, ќе те сменам“, подоцна Мишел беше гостин на големиот јубилеен концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе во Македонската Филхармонија.

Маркетинг

Соработката меѓу хармоникашот и глумецот продолжи и во 2024, а на почетокот на годинава ги видовме заедно во спотот на новогодишната песна создадена во соработка со СОС Детско село.

И еве ги пак. На фотографија која Џамбазов ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм, веројатно сакајќи да најави нова соработка.

Маркетинг

Двајцата се облечени во црно, со „кул“ израз на лицата и личат на тајни агенти пред мисија.

Нам не потсетуваат на Томи ли Џонс и Вил Смит во „Луѓе во црно“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISHEL TRAJKOVSKI (@misheltrajkovski)

Фотографијата собра бројни „лајкчиња“, но и коментари од типот на „два х 007“, „изгледа како интро од акционен филм“.

За интро, останува да видиме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button