Нов вирус како „короната“, ама пострашен, ни доаѓа од Кина – што е познато за метапневмовирусот и избега ли од „лабораторијата“?
Бидејќи HMPV е откриен и опишан релативно неодамна, не постои специфичен третман или вакцина за него. На пациентите им се советува да го третираат симптоматски, како грип, и да останат дома додека телото не се избори со инфекцијата.
Во Кина е забележана појава раст на еден помалку познат вирус, наречен хуман метапневмовирус (ХМПВ), но официјалните лица се уште молчат иако се знае дека е „пострашен од кораната“ и дека веќе зема замав во Азија, а пренесен е (преку Велика Британија) во Европа.
Кинескиот центар за контрола и превенција на болести сè уште известува дека „бројот на болести слични на грип во Кина рапидно се зголемува“. Вистинскиот обем на избувнувањето на новиот вирус е непознат.
Лабораториските тестови покажаа, според релевантни странски медиуми, дека денес токму метапневмовирусот е пред патогените на другите болести слични на грип, како што е Ковид-19, риновирусот и аденовирусот.
Сè уште нема доволно веродостојни информации за да се каже колку е навистина голема епидемијата на HMPV во Кина и колку е распространета низ светот. Научниците веруваат дека овој вирус, кој рапидно циркулира меѓу населението на Кина, а сега пренесен во САД и во Европа, нема да нанесе фатални штети поради ковидот кој веќе дозволи да се развие „имунитет на стадо“ против него.
Но дали е навистина така или ова е само апел за смирување.
Што е метапневмовирус
Човечкиот метапневмовирус (HMPV) е вирус кој може да предизвика болест слична на грип кај луѓе од сите возрасти, иако некои групи се изложени на поголем ризик. Особено, малите деца, постарите лица и лицата со ослабен имунолошки систем. Исто како и коронавирусот.
Вирусот е млад. Откриен е дури во 2001 година и бил сместен во исто семејство како респираторниот синцицијален вирус.
Како се шири метапневмовирусот?
Како и другите слични вируси, HMPV обично се пренесува од човек на човек преку капки од кашлање и кивање или преку близок контакт – гушкање, бакнување – со заразено лице.
И, исто така, преку допирање на површини и предмети контаминирани со вирусот, кој потоа преку рацете навлегува во устата, носот или очите.
Можете да се заштитите од вирусот на истите начини на кои се заштитивме од Ковид-19 за време на пандемијата – често мијте ги рацете со сапун, не допирајте лице со неизмиени раце и избегнувајте близок контакт со болни луѓе.
Симптоми на метапневмовирус
Симптомите на HMPV се слични на другите болести слични на грип, вклучувајќи кашлица, треска, назална конгестија и течење на носот.
Во некои/повеќе случаи, пациентите може да доживеат отежнато дишење, што понекогаш преминува во бронхитис или дури и пневмонија.
Бидејќи HMPV е откриен и опишан релативно неодамна, не постои специфичен третман или вакцина за него. На пациентите им се советува да го третираат симптоматски, како грип, и да останат дома додека телото не се избори со инфекцијата.