Ведрана Рудан нема да присуствува на својата промоција на нова книга, закажана за утре, во српската престолнина.
Откако ѝ беше дијагностициран ракот, Рудан почна да пишува за својата нова реалност и борбата со тешката болест, редовно огласувајќи се преку својот блог и на социјалната мрежа Фејсбук.
Во најновата книга, миленичката на бројната читателска публика, со својот остар хумор и бескомпромисна искреност ги истражува политичките, општествените и секојдневните апсурди.
На официјалната фејсбук-страница на хрватската писателка беше објавено дека Ведрана Рудан првпат нема да може да присуствува на својата промоција.
„Во Белград, градот на Ведрана, ќе се одржи Ноќ на книгата, но без Ведрана. Ќе излезе нејзината книга „Да умреш без стрес“. Во вистинско време, бидејќи таа ги обиколува загрепските болници во голем стрес, борејќи се за да преживее. На сите свои читатели им испраќа поздрави, очајна што не е со нив’ – напиша администраторот на страницата, Славен Хрватин.
Иако е една од најчитаните авторки на Балканот, Ведрана Рудан истакна во неколку наврати дека не живее од пишувањето.
„Не живеам од пишување ниту книги, ниту блогови. Живеам од наследство и од мојот сопруг кој заработува. Значи, јас сум „спонзоруша“ – изјави таа во една прилика.
Писателката неодамна ја опиша подетално нејзината борба со тешката болест, истакнувајќи дека синот не бил покрај неа кога ѝ било најтешко.
„Кога имаш рак, само тој ти се мотка во мислите. Знам! Знам! Знам! Морам да мислам позитивно, да не мислам на ракот, туку на убави нешта. Кои се убави нешта? Пензија од 460 евра, а лековите ми се 100 евра, а прегледот 640 евра? Биди среќна затоа што имаш сопруг кој се грижи за тебе и кој не би требало да знае дека во твојата глава се врти само едно?
Денес преку интернет нарачав јакна за 32 евра, број L, имам 10 килограми помалку, тоа ли е убаво нешто? А што ако…Неодамна прочитав дека наш познат новинар весело изјавува дека децата се наша најголема среќа и смисла на животот.
А дали мислам на своето дете? Мислам, мислам. Дали некогаш ми било смисла на животот. Не. Дали цел живот правев се за да му помогнам во секој миг? Да. Но сепак, тоа мое дете кое го сакам, за четири месеци не може да најде 15 минути време за мене и да ме посети?! Рака на срце, ќе бидам сосема искрена, дали тоа ме растажува? Искрено, најискрено, не. И телефонот е средба.
Пријателката ми рече да посетам психијатар, да пробам. Психијатар? Никогаш не сум била на психијатар, можеби сум болна, денес се сите депресивни, ако не бидам сега, кога? Ќе голтам таблети и ќе бидам среќна“, заклучува писателката.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (
види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница
ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм
ТУКА .