Бебе старо месец дена настрада во пожар – мајката оставила запалена свеќа од која изгорела целата куќа
Едномесечно бебе изгорело во куќа во Романија, пожарот го предизвикале деца на возраст од 2 до 6 години
Голема трагедија
Едномесечно бебе е пронајдено починато во изгорена куќа, а пожарот го предизвикале неговите братчиња и сестрички.
Како што пренесуваат медиумите, тие во игра ја турнале свеќата што нивната мајка ја оставила запалена и предизвикале пожар. .
Пожарникарите го пронашле бебето во семејната куќа во Романија која целосно изгорела, а пожарот го предизвикале малолетни деца.
Фото: Унсплаш
Како што пишуваат романските медиуми, пожарот ја зафатил целата куќа во која живеело семејство со пет деца, додавајќи дека пожарот го предизвикале децата на возраст од 2 и 6 години. Тие во текот на играта ја турнале свеќата која била запалена, и од која се запалила куќата.
Како што пишува во соопштението, четири деца на возраст од две до шест години успеале сами да се евакуираат.
Кога дошле пожарникарите, за овие деца не била потребна медицинска помош, но пожарот веќе ја зафатил целата куќа, така што не успеале да го спасат едномесечното бебе што останало во куќата.
Несреќниот настан се случил во општина Олтина во Романија, каде полициските служби кои биле на лице место, по гаснењето на пожарот, во објектот го пронашле починатото тело на новороденчето од женски пол, пишува во официјлното соопштение од полицискиот инспекторат во Констанца.