Нашата фолкерка помина низ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ – Тарчуловска ова нема никогаш да го зборави
Соња својата кариера ја започна како многу млада, а долго време важеше за една нашите најпознати фолк пејачки.
Нашата позната пејачка, Соња Тарчуловска, помина низ вистински пекол кога како млада мајка остана сама, а нејзиниот сопруг беше уапсен.
Пејачката за овој тежок период од својот живот досега има многу пати зборувано, а оваа драма и се случи пред речиси цели две децении.
Таа тогаш осум години сама се грижеше за семејството, откако нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал беше осуден на 12-годишна казна затвор.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Казната подоцна му беше намалена на осум години, кои Јохан најпрво ги лежеше во Холандија, а потоа во Германија.
И како што самата Соња во една пригода за Гламур откри, овој период не бил тежок само за неа, туку и за целото семејство.
„Се соочивме со многу искушенија, препреки, болка и непроспиени ноќи низ годините кои за нас траеја вечно и многу тешко ги пребродив затоа што тогаш мислев дека времето застана“, се присети Тарчуловска тогаш, па додаде и како успеала со Јохан да го издржат ова беспаќе.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
„Најголемата сила заеднички со Јохан ја црпевме од нашите деца Мелани и Младен со надеж дека ќе дојде подобро утре. Лично мене секогаш ме подигаше вербата кон Господ“, изјави искрено Соња.
Потсетуваме, на познатата пејачка Соња Тарчуловска оваа година и е јубилејна затоа што поминаа три децении откако прв пат се појави на нашата музичка сцена. Таа за кратко време по појавувањето на сцената стана една од нашите најпознати фолк-пејачки, следната година со сопругот ќе слави две децении брак.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Имено тие се во брак од 2005 година, а црковна венчавка направија во 2013, по излегувањето на Јохан од затворот, кога и пред Бога во Св. Јован Бигорски го изговорија судбоносното „да“.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Круна на нивната љубов е нивните три деца – Мелани, Младен и Јоана., а нејзината најстара ќерка Мелани тргна по стапките на својата мајка и заплива во музичките води. Мелани кога нејзиниот татко беше однесен во Хаг имаше само 40 дена.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Нејзиниот брат Младен пак се родни додека Јохан беше во затвор, а Јоана се појави во нивните животи по неговото излегување.