Андријана Јаневска ги остави сите без здив со новите фотографии, кој би кажал дека е мајка на две деца
Пејачката и во петтата деценија остава без зборови секогаш кога ќе се појави во едно вакво издание
Пејачката Андријана Јаневска (42) веќе со години важи за една од најзгодните дами на домашната музичка сцена.
Таа иако е мајка на два сина, Димитар и Кристијан, што ги има родена од бракот со музичарот Драган Гиновски – Гино, и ја гази петтата деценија од животот, се уште изгледа како вистинска божица.
Тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии на социјалните мрежи на кои секогаш изгледа беспрекорно.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Таа сега покажа и како се одмара и си ги полни батериите за нови предизвици, а бидејќи беше во костим за капење сите ги воодушеви.
Веднаш следуваа бројни реакции од нејзините фанови и сите се согласни дека изгледа подобро од кога било досега.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Како Андријана изгледаше во ова свое издание со кое ги освои симпатиите кај сите, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана која неодамна стана и доктор на науки неодамна во интервју за Гламур откри и каква е како мајка. Таа има два сина, па ја користи секоја прилика времето да го помине со нив, а како што самата вели ужива во секој нивен заеднички миг.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
„Јас уживам во секој момент со моите деца бидејќи многу често додека сум со нив се чувствувам како уште еднаш да го преживувам детството“, изјави во една пригода Андријана.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…