Нашата поранешна министерка во прва прошетка со наследникот – еве како изгледа по породувањето
Нина неодамна се оствари во улога на родител и стана мајка на машко дете
Поранешната министерка ужива со својот наследник
Поранешната министерка Нина Ангеловска не крие дека е пресреќна што конечно и се оствари сонот и си доби машко дете.
Таа неодамна се породи во една од позната скопска клиника, а веднаш откако малиот Стефан се роди сподели и неколку заеднички моменти со наследникот и најблиските на социјалните мрежи.
Имено, Нина не крие дека родителството ја промени, но и дека ужива во мајчинството за кое вели дека е нова етапа во нејзиниот живот.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Таа секој момент го користи да биде со својот наследник, а со малиот ужива и нејзиниот сопруг, докторот Виктор Станков.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Прошетка со синот
Нина неодамна објави снимка на кој се гледаат малите ноџиња на бебенцето, а потоа и како се шета со бебешка количка.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Облечена во црно фустанче и бели патики таа позираше насмеано, а сите велат дека изгледа беспрекорно иако поминаа ссамо две недели откако поранешната министерка се породи со царски рез.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Значење на името Стефан
Името Стефан води потекло од грчкиот збор „stephanos“, што значи круна, венец, па името Стефан буквално би значело крунисан. Името е длабоко поврзано со верата и со симболиката на венецот. Во христијанството, венецот е симбол на надеж, вечен живот и бесконечност. Венците ги пратат христијаните во текот на целиот живот.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Името Стефан е едно од најчестите имиња на светот и се среќава речиси во сите јазици. Колкава е популарноста на ова име низ историјата, зборува и фактот дека ова име го носеле многу кралеви и папи.