Македонката што растури во „Ѕвездите на Гранд“ го воодушеви и целиот Балкан со овој потег
Еве како Андријана Петрушовска со песна го обедини регионот и го освои високото трето место
Еве како Андријана со песна го обедини регионот
Пејачката Андријана Петрушовска (24) во финалето од „Ѕвездите на Гранд“ приреди вистински спектакл
Таа настапи последна, но нејзиниот настап во првиот круг од финалето дефинитивно беше шоу за кое уште со денови е се зборува. Убавата скопјанка беше единствената во финалето од тимот на продуцентот и композиторот Александар Милиќ Мили, а во првиот настап се претстави со сплет песни со кои го освои целиот регион.
Имено, Петрушовска настапот го започна со песната „Београд“ од Цеца, па продолжи со „Јел Сарајево где је некад било“ од Дино Мерлин, а заврши со „Македонско девојче“, песна со која посебно ја воодушеви нашата публика.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа и со останатите свои настапи во финалето ги воодушеви сите и со кореографијата, а неодамна откри како го избира својот сценски изглед. Како што самата откри тогаш за „Гранд.онлајн“, пејачката ја следи странската сцена и гледа како се облекуваат светските ѕвезди, но често инспирација пронаоѓа и на Пинтерест и социјалните мрежи.
@andrijanapetrushovska Освоено фантастично 3то место и срце полно љубов! ❤️ Немам зборови со кои можам да се заблагодарам на сите, но верувајте моето благодарам ќе биде изразено во дела! Музиката е мојот живот, а вие сте мојата награда и победа! п.с. се трудам на сите да одговорам и да се заблагодарам за сите преубави зборови и поддршка! 🫶🏻❤️ #zvezdegranda #balkan #fyp #macedonia #serbia #macedonia🇲🇰
„Понекогаш инспирација добивам и сама, па ќе го нацртам тоа на хартија“, откри Андријана која од неодамна започна и соработка со една екипа дизајнери. Како таа изгледаше во финалето од „Ѕвездите на Гранд“ кога го освои високото трето место, но и нејзините најдобри изданија во изминатите емисии, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инаку, Андријана не крие дека на сцената сака да изгледа уникатно, впечатливо и препознатливо, што неодамна го потврди и за Гламур магазин (види тука), додавајќи дека својот шарм го наследила од својата мајка, која задно со нејзиниот татко, сестра и брат и даваат најголема поддршка во животот.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Финалеееееее … Мама и Тато – дефиниција за бескрајна, безусловна и вечна љубов! Мотивација за истрајност и неоткажување од соништата на едно мало девојче! Моите животни ментори и најголема поддршка! Родители, борци, мои херои! Финале за нив и за сите вас кои чекорите со мене во остварување на мојот животен сон! Да пееме и славиме во финале! Ве сакам сите!“, напиша Андријана непосредно пред финалето објавувајќи фотографија на која е со нејзините родители.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Ова беше еден од ретките моменти Андријана на Инстаграм да сподели семејна фотографија, а како изгледа и нејзината сестра Ива погледнете ви продолжение….
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Петрушовска во една пригода сподели фотографија од неа, која е исто толку убава и шармантна како и нејзината сестра.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ива стои и зад Инстаграм профилот @ivvy.mk и рачно изработува женски чанти и накит од бисери, а Андријана овие интересни модни додатоци често знае да ги носи и да ги комбинира на совршен начин.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инстаграм/ Андријана Петрушовска