Македонската пејачка за првпат го покажа ликот на својот сакан – имаа прекрасна причина за славење, па добија многу честитки
Младата кумановка вљубена до уши.
![](/wp-content/uploads/2024/04/martija6.jpg)
По убавата Мартија воздивнуваат многу мажи, но клучот на нејзиното срце го има само тој.
Мартија Станјковиќ публиката голема популарност стекна со учеството во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ во 2015/2016 каде што го освои второто место.
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Освен што одлично пее, таа и одлично изгледа и исто така танцува.
Малото и слатко девојче со ангелски глас денес е голема девојка со успешна кариера, која магепсува со својата убавина.
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Уште од многу мала одлично се носи со популарноста, а со нејзиниот изглед и глас може да им парира на светските ѕвезди.
Мартија е една од најубавите и најзгодните пејачки кај нас, а на нејзиниот Инстаграм профил може да се видат и провокативни фотографии, на кои открива малку повеќе.
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Својот приватен живот Мартија го крие како змија нозете.
Нејзината мајка ѝ е најголема поддршка и од голема помош во кариерата.
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
Извесно време е вљубена и честопати знае да сподели фотографија со својот сакан, но никогаш досега го нема покажано неговиот лик.
По повод нејзиниот 20 роденден Мартија одлучи да им покаже на фановите во кој е вљубена и со кој го поминува слободното време.
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ
На фотографијата направена во лифт се гледа и огромниот букет цвее кој тој ѝ го купил за роденден.
Веднаш почнаа да пристигнуваат честитки до неа.