КОГА СЕ РАЗБУДИЛА, СОПАТНИКОТ ЈА ЗАДАВИЛ СО ГОЛИ РАЦЕ! Се беше признаено и детално опишано, грозоморни детали од убиството на малата Данка
Шефот на УКП Нинослав Чмолиќ ги опиша последните моменти од животот на Данка.
Тој за ТВ Информер зборуваше за осомничените за убиството и ги опиша последните моменти од животот на Данка.
– Возачот не ни забележал дека го соборил девојчето, тоа го сфатил дури кога сопатникот му кажал. Веднаш ја ставиле во багажникот, а кога малата Данка се разбудила, сопатникот ја задавил. Тоа ни го призна вчера и детално опиша се. Потоа го фрлиле телото на депонија – рече Чмолиќ.
Исто така, како што вели, најголем проблем со пронаоѓањето на детето е затоа што и возачот и сопатникот даваат погрешни информации, а се сомнева дека тоа е затоа што сакаат да ја прикријат состојбата на телото на малата Данка.
„Според нивните изјави, тие застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот.
Чудните движења на нивното возило биле снимени на ГПС. Нивните приказни не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле и ја задавеле. Не можам да одговорам кој ја задавил бидејќи меѓусебно се обвнуваат, подоцна ја фрлиле во депонија“, рече тој.
„Ден и ноќ се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударот, но не се договориле за вистинското убиство на детето.
Данка била во несвест кога ја удрил автомобил и мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила“, додава тој.