„ДАЛИ Е ОВА ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА КИДНАПИРАШЕ ДАНКА ИЛИЌ? На социјалните мрежи се шират теории за исчезнувањето на девојчето (ВИДЕО)
Виенската полиција сослушала српски државјанин кој живее во австриската престолнина, а кој во тој град снимил девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ (2) од околината на Бор.
„Сведокот беше сослушан и обезбедена е снимката што ја направи човекот. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек“, изјавил за австриските медиуми Маркус Дитрих, портпарол на виенската полиција, а пренесува порталот „Клајне цајтунг“.
Тој го потврди објавеното во Србија, дека српски државјанин кој живее во Виена рекол дека во саботата навечер околу 20 часот на трамвајската станица во центарот на Виена видел исчезнато двегодишно девојче во Србија, во придружба на две жени.
Додека продолжува шестиот ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље кај Бор, Србија чека одговори и индиции кои би можеле да го разјаснат нејзиното мистериозно исчезнување.
Граѓаните на социјалните мрежи внимателно разгледуваат и анализираат фотографии од малата Данка направени непосредно пред нејзиното исчезнување.
Посебно внимание привлече фотографијата направена од мајката на Данка, на која во позадина може да се забележи интересен детаљ.
Дебатата се разви поради видео објавено на социјалните мрежи на кое се гледа контроверзната фотографија.
Во коментарите се расправа дали во позадина се гледа силуетата на личност која би можела да биде потенцијален киднапер или тоа е само сенка на дрво.
Мислењата се поделени, а јавноста продолжува да бара одговори со надеж дека Данка ќе се најде.
Ваквите тврдења засега се само шпекулации и нагаѓања на корисниците на социјалните мрежи.
Данка Илиќ се уште не е пронајдена, а полицијата се уште трага.
@slavicastevic7 Danka ilic Nadji me