Ќе направам сé монструмот да биде изведен пред лицето на правдата – и таткото е вмашен во целиот случај!
Во тек е прес-конференцијата на МВР на која министерот ги појасни деталите околу целиот случај
Во тек е прес-конференцијата на МВР на која министерот Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бобовски, даваат изјава во врска со целиот случај
Во тек е прес-конференција на која Министерот за внатрешни работи ги објаснува деталите околу убиството на Вања Ѓорчевска.
Како што соопшти министерот Оливер Спасовски, петмина се осомничени, од кои тројца се во притвор, а еден се уште е во полицијата.
Едно лице е во бекство, и за него министерот Спасовски вели дека ќе направи се за овој монструм да биде изведено пред лицето на правдата. Како што соопшти тој, овие лица претходно заради нерасчистени сметки, го киднапирале и убиле 74 годишниот Панче Жежовски и со неговиот автомобил го извршиле киднапирањето на малата Вања.
Информации во врска со тоа кога Вања излегува од дома, им ги дал нејзиниот татко, соопшти министерот на прес-конференцијата.
Во текот на истрагата тројцата приведени го признале делото, а како што соопшти министерот убиството на Вања го извршило лицето што во моментот е во бегство.
Тие тоа го направиле за да изнудат пари од мајката на малолетното девојче, но по нејзиното убиство осомниченото лице кое се терети и за нејзиното убиство, решил да ја напушти државата.