Сопругата на Вело Марковски објави преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Евгенија и Вело прославија годишнина од бракот
Поранешната манекенка Евгенија Марковска и инфектологот Вело Марковски прославија шест години брак
Евгенија и Вело од овој брак имаат две деца, син и ќерка.
Ќерката ја добија на почетокот од 2021 година, а синот е прваче и овој септември за прв пат тргна на училиште.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Професорот д-р. Вело Марковски важи за еден од врвните инфектолози уште од времето на поранешна Југославија.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Тој посебно стана познат во јавноста за време на епидемијата со корона вирусот кога за кратко време ги собра симпатиите и стана еден од омилените стручни ликови од Македонија.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Тој тогаш со своето искуство и големо знаење цело време несебично помагаше во борбата со невидливиот непријател.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Неговата помлада сопруга, Евгенија, е поранешна манекенка и мисица, која некогаш беше дел од модното студио „Шанел“ од Битола.
Таа има учествувано на бројни ревии и натпревари за убавина, а има и освоено повеќе титули на најразлични избори.
Тие се веќе шест години во брак, а Евгенија на социјалните мрежи често споделува заеднички фотографии.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Таа овој пат сподели фотографија во рамките на своите „Инстаграм приказни“ и му ја честиташе годишнината од бракот на сопругот.
Инаку, Евгенија моментално е студент на трет циклус студии и како што самата вели во интервју за Гламур магазин, заради обврските околу децата има многу малку време за спремање на докторатот.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Но таа се надева дека со многу труд и упорност за брзо време и до нејзиното име ќе стои титулата д-р (доктор на науки), а нејзина најголема желба е кога ќе заврши да работи како професор на факултет.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Во врска со тоа што во јавноста често се коментира нивната голема разлика во годините, Евгенија вели:
„Не, воопшто не ми пречат негативните коментари. За нас разликата во годините никогаш не била проблем или пречка за развојот на врската и бракот, но нашето општество едноставно е такво и не може да прифати доколку некој не се вклопува во поставените стандардите“.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
„Негативни коментари имало отсекогаш и не очекувам да престанат, но тоа едноставно не ми е важно, има многу врски и бракови кај нас и во светот со голема разлика во години кои функционираат одлично. Така што ако партнерите се почитуваат и сакаат меѓу себе ниту разликата во години, оддалеченоста, верата и сл. не се никаква пречка за нивната врска/брак да напредува“.
Целото интервју со Евгенија прочитајте го тука…
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска