Интервју

Разликата во годините никогаш не била проблем – искрено со Евгенија Марковска

Не ми пречат негативните коментари, ги имало отсекогаш

Реклама
Реклама

Доколку ѝ го отворите профилот на Инстаграм ќе ви се чини дека разгледувате модно списание.

Убавата Евгенија Марковска, некогашен модел и една од нашармантните жени од македонската јавност е една искрена, отворена за соработка, практична жена, дама во секоја смисла на зборот, но пред сѐ
мајка на две мали дечиња која изгледа бомбастично!

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Доколку ѝ го отворите профилот на инстаграм ќе ви се чини дека разгледувате модно списание.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

И покрај тоа што Марковска повеќе не е дел од модниот свет, љубовта кон модата и трендовите, но и изгледот кој го негува сѐ уште ја вборјуваат во модните симболи на Македонија.

Фото: Приватна архива

Евгенија е во брак со д-р Вело Марковски, нивната врска стана мета за јавноста уште од самите почетоци. Ден денес сѐ уште се зборува за нивната разлика во годините, но на брачниот пар не им пречат озборувањата, љубовта цвета во нивниот дом, а доказ за тоа се и двете прекрасни дечиња , Павле и Катерина.

Фото: Приватна архива

На наша огромна чест имавме можност да се запознаеме со Евгенија и да направиме еден пријатен разговор низ кој дознаваме работи кои не ѝ се познати на јавнсота.

Како, по две породувања, успевате да ја одржите линијата во толку добра форма?

За да се одржам во форма пред се е најважен активниот начин на живот. Обврски околу децата, трчкање по нив, собирање играчки…Покрај тоа сакам да вежбам фитнес и да трчам додека ги слушам омилените песни. Јас не гледам на вежбањето како обврска, туку како грижа за себе и после секој тренинг се осеќам среќно и исполнето. Често го добивам прашањето „дали ти јадеш нешто?“

Да, јадам се, всушност воопшто не внимавам на исхраната исто така уживам и во јадење чоколади, но како што кажав за да се одржам во форма најважно ми е да бидам активна во текот на денот, вели Марковска за Гламур.мк.

Фото: Приватна архива

Како ви поминува еден ден? Раскажете ни ги вашите редовни навики…

Денот обично ми започнува околу 6:30, прва станува Кате па веднаш ме разбудува да одиме да си играме. Денот го започнувам секогаш со нега на лице (миење, дневна крема и заштитен фактор). Околу 7 станува Павле. После појадокот имаме заеднички активности, сега откога почна со училиште го спремам за таму, а потоа бидејќи Кате е мирна кога е без бате за тоа време успевам да средам низ дома. Кога времето дозволува одиме на прошетки, си играме во двор.

Фото: Приватна архива

Вежбањето го оставам за попладне особено кога е жешко преку ден. Децата рано заспиваат околу 20:30, па после тоа имам време за ноќна рутина, најпрво сакам да ги соберам играчките, потоа да посветам малку време на себеси, релаксирање, повторно нега на лице и на крај останатите два до три саати ги поминувам во работење на докторатот, но има и денови кога едноставно немам концентрација, па само сакам што побрзо да спијам.

Фото: Приватна архива

Дали сте мајка која се води според планери, трендови, дали членувате и посетувате некакви групи на мајки или повеќе се држите за традиционалниот начин на воспитување на децата?

Според мене мајчинството не е нешто што треба да се учи или да се водиме по пример на другите, затоа што начинот на воспитување деца што можеби функционира за другите не значи дека ќе функционира и за нас, вели таа. Така што не,  не се водам според планери, трендови и не посетувам групи за мајки.

Фото: Приватна архива

Од денот кога станав мајка ги вопитувам моите деца онака како што јас сметам дека е најдобро. Би сакала да нагласам дека луѓето секогаш имаат различни мислења во врска со воспитувањето на децата, знаат да даваат различни совети.

Секоја мајка треба да има индивидуален пристап кон децата и доколку си го слуша својот мајчински инстикт секогаш ќе го даде најдоброто за нив и никогаш нема да погреши, затоа што и нема правилен или погрешен начин на воспитување деца.

Фото: Приватна архива

Љубовната приказна на Евгенија и д-р Вело Марковски започнува на Медицинскиот факултет, таа била негова студентка, потоа и негова асистенка, по извесно време  успешната соработката и колегијалноста преминала во подлабок стадиум – љубов!

Фото: Приватна архива

Да очекуваме ли еден ден дека и пред вашето име ќе стои титулата д-р?

Моментално сум студент на трет циклус студии. Заради обврските околу децата имам многу малку време за спремање на докторатот (само навечер кога ќе заспијат), но со многу труд и упорност се надевам дека за брзо време и пред моето име ќе стои титулата д-р (доктор на науки). Имам амбиции кога ќе завршам да работам како професор на факултет.

Фото: Приватна архива

И покрај тоа што поминаа и повеќе од шест години откако јавноста и официјално дозна за вашата врска се уште се коментира за големата разлика во годините, дали ви пречи тоа?

Не, воопшто не ми пречат негативните коментари. За нас разликата во годините никогаш не била проблем или пречка за развојот на врската и бракот, но нашето општество едноставно е такво и не може да прифати доколку некој не се вклопува во поставените стандардите.

Фото: Приватна архива

Негативни коментари имало отсекогаш и не очекувам да престанат, но тоа едноставно не ми е важно, има многу врски и бракови кај нас и во светот со голема разлика во години кои функционираат одлично. Така што ако партнерите се почитуваат и сакаат меќу себе ниту разликата во години, одалеченоста, верата и сл. не се никаква пречка за нивната врска/брак да напредува.

Фото: Приватна архива

Како дел од медицинската фела, но и како граѓанин на Македонија како ги коментирате последните случувања поврзани со Онкологија?

Со неверување. Можно ли е како луѓе, еден поединец, или повеќе од нив да прават такви дела? Мислам дека се повеќе ги губиме вистинскиот морал и вистинските човечки вредности. Особено боли што ова се случувало (ако е се вистина) во врвна клиника во државава, и се уште не можам да поверувам дека некои медицински лица правеле такви работи. Сакам да верувам дека сето тоа не е вистина.

Фото: Приватна архива

Многу жално за луѓето кои се надевале дека добиваат нов, скап лек кој секако ќе им помогне. Најтешко им е сигурно на нивните најблиски, кои покрај загубата, сега се соочуваат со сознание или стравување дека можеби нивниот близок ќе се спасел ако го добивал вистинскиот лек, додава Марковска.

Фото: Приватна архива

За крај повторно ќе се навратам на мајчинството. Раскажете ни некоја смешна, интересна случка со вашите дечиња…

Децата често се случува да направат некоја глупост и да ме насмеат, а исто така имало и многу интересни случки каде што сум добила неочекувани одговори. Една случка која што се сетив во моментот е пред Нова година. На поминување откај елката ми падна еден лампион и во моментот го оставив не го вратив на елката, а кога се вратив во собата двете деца ми беа лути, кога ги прашав зошто синот ми рече ти сакаш за тој лампион што не го крена нас да не ни дојде Дедо Мраз?!

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button