Нашата позната фолкерка со порака која што ги збуни фановите – ова на маичката го коментираат сите
Нашата позната фолк-пејачка ги спакува куферите и ја напушти Македонија
Пејачката покажа како го минува слободното време
Нашата позната фолк-пејачка Адријана Ацевска ги спакува куферите и замина во еден од најубавите градови во Европа.
Таа од таму објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм, а на фановите им откри како го минува слободното време.
Таа е сместен во луксузен хотел во центарот на градот, па пејачката ја покажа и терасата од каде се пружа преубава глетка.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Во прашање е Виена, еден од најубавите, но и омилените градови на пејачката, што таа и самата го откри:
„In love with this city“, напиша Адријана во описот на фотографиите што ги објави, а интересен беше и детаљот на нејзината маичка.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Имено, пејачката за прошетка низ градот избра свилени панталони во пастелна зелена нијанса и бели старки, а целото издание го заокружи со обична бела маичка на која пишува „Sex and the City“.
Е сега дали пејачката сака да испрати некоја скриена порака или во прашање е само коинциденција, тоа го знае само Адријана и можеби уште некој, кој популарната пејачка успешно го крие.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Како и да е, пејачката со ова свое издание ги воодушеви своите фанови, впрочем како и секогаш кога ќе заблеска на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
Таа изглед убаво без разлика дали е во елегантни изданија што ги носи на сцената или во опуштена варијанта како оваа во која се шеташе низ Виена, а дека тоа е така зборуваат и бројните коментари што ги добива на сметка на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Адријана Ацевска
А како Адријана изгледа и кога е стокмена од „глава до пети“, за пред камери или публика, погледнете во продолжение…