Реклама
Uncategorized

Анастасија ја доживеа судбината на мајка си: Пејачката скршена од болка зборуваше за загубата на бебето

Немања и Анастасија го загубија бебето...

Реклама

Вчера Немања Гудељ ја објави тажната вест дека тој и Анастасија Ражнатовиќ го изгубиле бебето кое го очекуваа во септември, а пејачката веднаш се повлече од социјалните мрежи.

фото принтскрин/инстаграм

Цеца Ражнатовиќ не се огласи за ненадејниот прекин на бременоста на нејзината ќерка, но пред само неколку месеци откри дека пред повеќе од 27 години имала спонтан аборт.ус.

Иако сè уште не се познати проблемите со кои се соочила Анастасија, нејзината мајка во емисијата „Цеца Шоу“ раскажа што и се случило кога забременила за прв пат.

Маркетинг
фото принтскрин

Цеца имала спонтан абортус месец и половина пред да се омажи и решиле да не ја одложуваат венчавката која била закажана за 19 февруари 1995 година.

Принтскрин/ Пинк

– Бебето го изгубив во третиот месец од бременоста. Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари, а пред тоа бев бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – изјавила Ражнатовиќ во својата исповед, а потоа објаснила дека отишла на вештачко оплодување.

Маркетинг
фото инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

-Се договоривме да не го поместуваме датумот на венчавката, па кажавме „да“ кога и планиравме, на 19 февруари 1995 година – нагласи тогаш Цеца, зборувајќи за првпат на оваа тема.

За разлика од Анастасија и Немања кои со јавноста ја споделија веста за немилиот настан, Аркан не сакаше никому да каже за тоа, па наводно му се доверил само на еден човек – кумот Борислав Пелевиќ.

фото принтскрин

Брачната двојка подоцна доби две деца – Вељко и Анастасија.

– Јас и Жељко сакавме уште деца, но не можев да забременам. Затоа отидов во болницата „Народни фронт“ на ин витро. Покојниот сопруг ме поддржуваше и учествуваше со мене во целата програма, иако беше очигледно дека нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – откри Ражнатовиќ по речиси три децении.

фото инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Да потсетиме, Гудељ доцна синоќа на 29 мај се огласи на Инстаграм пишувајќи дека имаат лоши вести.

– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова, напиша Гудељ.

фото принтсктин/ инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button