Ми се закануваа дека децата ќе ми завршат во шахта: Карлеуша откри дека нејзините ќерки биле жртви на врсничко насилство!
Пејачката прозборе за случајот кој го потресе регионот...
Поп-пејачката Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Хит твит“ заедно со кошаркарскиот ас Дејан Томашевиќ и претседателот на Извршниот одбор на Српската напредна странка Дарко Глишиќ.
По подолга пауза, Карлеуша се врати во ТВ Пинк, што за многумина беше изненадување.
Сите зборуваа за темата која го потресе целиот регион, за мас.акрите што се случија на 3 и 4 мај, кога заг.инаа 18 лица, главно деца и млади, а исто така и за насилството меѓу врсниците и протестите што се организираат.
Јелена истакна дека жртви на насилство биле и нејзините малолетни ќерки Атина и Ника.
– Моите деца беа нападнати, доживеаја насилство од врсници. Велат дека моето дете ќе заврши во шахта – рекла Јелена.
Пејачката истакна дека ќе излезе и ќе се бори против насилството, но без политички пароли.
-Да шетаме секој ден, секој петок, против насилството врз децата. Без политички пароли. Сега не е време за делење. На нас пук.аат од сите страни. Секогаш целиме на погрешни луѓе. Да се обвинат владата и претседателот за делото на двајца психопати е во најмала рака одвратно – изјави пејачката која истакна дека е целосно аполитична во овој случај.
-Јас сум од Белград, Белград отсекогаш бил град каде што луѓето излегуваат на улица, но тука мораме да одиме заедно. Собирањето поени за ваква трагедија е како воено профитерство. Кога станува збор за децата, тоа е уште полошо. Ние зборуваме кој е против насилството, а сите сме – посочи Карлеуша.