Реклама
Наши ѕвезди

Нова песна со гласот на Есма Реџепова што никого нема да остави РАМНОДУШЕН – „Џелем, џелем“ ќе ечи низ целиот свет!

Реклама

Познатиот холандски музичар Сатори и фестивалот „Егзит“ објавија обработка од песната „Џелем Џелем“ на легендарната Есма Реџепова.

Фото: Принтскрин/ Ју8тјуб

Песната важи за ромска химна, а Сатори во соработка со Егзит и даде современ електронски звук.

Видеото е снимено на „Главната сцена“ на фестивалот, на 10 јули 2021, за време на настапот на Сатори што воедно беше и светска премиера не песната.

Маркетинг

Во оваа единствена изведба се слуша вокалот на кралицата на ромската музика Есма Реџепова, кој на Егзит и го отстапи нејзиниот син Симеон Атанасов. Стиховите од оваа песна на конгресот на Меѓународната ромска унија во 1990 годна беа усвоени за химна на Ромите, а ги има напишано легендарниот југословенски композитор со ромско потекло Жарко Јовановиќ, уште во дамнешната 1949 година

Фото: Промо

„Гласот на Есма Реџепова ја пренесува болката на турбулентната историја на Балканот, а магичниот звук што во песната сега го додаде Сатори како да пружа исцелување и претставува тежнеење на новите генерации за постојан мир на овие простори, што е дел од мисијата на Егзит уште од самото основање“, изјави основачот на фестивалот Душан Ковачевиќ“. пишува српскиот портал „Блиц.рс“.

Маркетинг
Фото: Промо

Песната е објавена на 1 јули една недела пред почетокот на овогодинешниот фестивал и е дел од албумот „Dreamin Colours“.

Послушајте ја песната, но и погледнете неколку фотографии од еден од најдобрите фестивали во регионот.

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Фото: Промо

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button