Кога таа ќе запее сите ги крева на нозе- погледнете каква атмосфера направи Татјана во Австралија
Нашата позната фолкерка каде и да запее ги крева гостите на нозе.
Веќе подолго време не живее во Македонија, но сепак не се откажува од пејачката кариера и често настапува за нашинците во дијаспората.
Татјана Лазаревска е долги години дел од македонската музичка сцена, а зад себе има кариера на која може да ѝ позавиди секој пејач.
Таа денес заедно со својот сопруг и колега, Новица Василевски, и нивните синови Петар и Стефан, живее во Австралија.
Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.
Викендов заедно со својот колега Благојче Стојановски Туше пееја на свадба и ги развеселија гостите, па сите станаа на нозе и играа, додека пак пејачката блескаше.
Двајцата направија вистински весела атмосфера, а гостите весели.
Облечена во син краток фустан со еден ракав, кремасти потпетици, совршени шминка и фризура таа изгледаше дупло помлада од тоа што е а на нејзината фигура може да и позавидат многу помлади девојки.
Долги години е во брак со пејачот Новица Василевски, па иако и во Македонија беа доста ангажирани и заработуваа, Новица и Татјана во 2015 година заминаа во далечната Австралија во потрага по подобар живот за нив и нивните деца.
Таа своето убаво тело успева да го одржи во топ форма и во петтата деценија, па нема проблем да се пофали со фотографии на кои е во костим за капење и да ги изненади сите.
Неодамна прослави и роденден, а тоа го направи на оригинален начин.
Имено таа позираше во костим за капење на плажа и ги остави своите фанови воодушевени.