Сите и љубоморат на ќерката на Топалко- објави фотографија и покажа како ја размазува нејзиниот сопруг!
Ќерката на популарниот пејач Милан Топаловиќ Топалко, Хелена неодамна зачекори во брачните води, а сега покажа колку ужива во љубовта со нејзиниот избраник.
Хелена Топаловиќ Алексиќ доби неочекувано изненадување од сопругот и се пофали на Инстаграм.
„Реално, го имам најдобриот сопруг“, напиша Хелена во описот на фотографијата на која може да се види појадок во креветот што очигледно и го подготвил нејзиниот сопруг.
Да потсетиме, Хелена се омажи за поранешниот сопруг на познатата водителка Јелена Димитријевиќ.
Се шпекулираше и дека Хелена е во блажена состојба, но таа самата ги демантираше овие гласини.
„Се омажив на празен стомак. Не грижете се, душегрижници“, порача тогаш Топаловиќ.
Инаку Хелена се омажи со својот 10 години постар избраник Драган Алексиќ па во една прилика револтирана од насловите дека земала постар сопруг таа напиша:
Добро утро од мене и мојот стар „сопруг, кој има 34 години. А како сте?“, напиша таа со фотографија од свадбата.
Но она што многумина го забележаа преку нејзините фотографии е неверојатниот луксуз во кој живее овој пар.
Сите простории се максимално дотерани, а просториите се исполнети со многу слики и најразлични цвеќиња.
Колку добро и оди на ќерката на Топалко зборува и тоа што од неодамна влезе во бизнис со недвижнини, а апартманите сама ги рекламира.
Како што може да се прочита во медиумите, наводно во прашање е бизнис „стан на еден ден“, што го започна со својот сопруг.