Конечно и се исполни животната желба – македонската водителка не може да се врати во реалноста
На шармантната водителка и се исполни сонот.
Таа важи за една од најубавите и најзгодните водителки во земјава, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи не поминува незабележано.
Јелена Спенџарска освен што ја гледаме на ТВ екраните, таа редовно постира на социјалните мрежи, а овојпат навистина имаше што да сподели со своите фанови.
Имено Јелена заедно со уште неколку познати македонски инфлуенсерки заминаа на егзотична дестинација, односно си ги спакуваа куферите и заминаа на Сејшелите.
Прекрасни вили и хотели, базени, прекрасни и диви плажи со бел песок, превкусна храна и што уште не.
Убавата водителка откри дека со ова патување и се исполнил сонот, а тоа го потврди и нејзината сестра.
-На сестра ми и се испони една животната желба, да го посети Сејшелите и од сликите што ги гледав кај неа мислам и мене ми се искача на „must visit list“. Е сега уште туристичките агенции да организираат „traveling whit kinds“.
Дека целото искуство било како сон за Јелена потврди и самата таа со своите објави, па често нагласуваше дека целото патување било како сон.
Освен убавите и егзотични места, таа го покажа и своето совршено тело во различни костими за капење, а во секој еден од нив, водителката изгледа прекрасно.
Девојките се вратија назад во Македонија, но се чини дека импресиите сè уште не „спласнале“, а Јелена „мака мачи“ да се врати во реалноста и сè уште постира фотографии од рајските плажи и места кои ги посетија.