Ја изневерувал со комшивката: Еве како заврши љубовната приказна на Александра Пријовиќ – овој детаљ ги шокираше сите!
За бурната врска на Александра Пријовиќ се пишуваше со недели посебно кога реши да раскине со својот колега.
Пред да заплови во брачните води со Филип Живојиновиќ, пејачката Александра Пријовиќ беше две години во врска со својот колега Љуба Перуќица.
Кога раскинаа, таа во јавноста кажа дека решила да стави точка на оваа врска и дека се разделиле без тешки зборови.
Но како што пренесуваат медиумите, вистината била сосема поинаква – причина за разделбата беше скандалозна.
Две години Љубо и јас бевме заедно и сега се договоривме да се разделиме без тешки зборови, изјави тогаш пејачката за „Ало“.
Но за брзо време во јавноста испловија детали кои откриваат многу поинакви причини за нивната разделба.
Имено, како што пишуваа тогаш медиумите, нејзиното тогашно момче ја изневерувал и тоа со комшивка.
Иако на почетокот се шушкаше дека Александра и Љуба се разделиле заради пораките што Александра ги добивала од друг маж, произлезе дека всушност не го изневерувала пејачката своето момче, туку тој неа.
Како што објавија тогаш медиумите, тој ги користел нејзините чести отсуства од дома заради видот на нејзината работата, па за тоа време ја изневерувал со комшивката и тоа во нејзиниот стан.
Пејачката за нивната врска дознала откако во неговиот телефон ги пронашла пораките што и го скршиле срцето.
Пријовиќ потоа некое време беше сама, а потоа сосем случајно во нејзиниот живот се појави Филип Живојиновиќ.
Тие по некое време ќе решат да запловат во брачните води, а по само неколку месеци ќе го добијат и синот Александар и сега сите тројца живеат како во бајка.
Што се однесува пак до Љубомир Љуба Перуќиц, тој денес е во среќен брак со водителката Катарина Колозеуз.
Тој во јуни минатата година го прележа вирусот корона кога неколку дена мораше да помине во болница. За разлика од его, неговата сопруга Катарина вирусот го прележа со многу поблаги симптоми од него.
„Таа имаше само лесни симптоми. Немаше мирис и вкус и тоа се врати многу брзо. Не се исплаши. Првиот ден кога почна да го губи мирисот, немаше температура, што е најважно. Не беше страшно“, изјави тој.
Тие пред скоро две години застанаа на лудиот камен, а свадбената веселба беше закажана во еден ресторан во Белград.
Пејачот тогаш призна дека одвај чека да стане татко.
„Немаме план колку ќе бидеме но сигурно дека би сакал да имам барем две деца“, изјави Љуба тогаш.
Како изгледа неговата сакана погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Катарина Колозеус
Фото: Инстаграм/ Љубомир Љуба Перуќиц
Фото: Инстаграм/ Љубомир Љуба Перуќиц
Фото: Инстаграм/ Катарина Колозеус
Фото: Инстаграм/ Љубомир Љуба Перуќиц
Фото: Инстаграм/ Љубомир Љуба Перуќиц
Фото: Инстаграм/ Љубомир Љуба Перуќиц