Наши ѕвезди

Маестро Џамбазов НАПОЛНИ 85 ГОДИНИ – „Мојот живот без Анче е трагикомедија“

Advertisement

Александар Џамбазов го прослави 85-от роденден. Среќен роденден маестро!

ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

Маестро Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина. Тој е еден од најпознатите македонски композитори и диригенти. Музичкото образование го оформува во Скопје (основно и средно музичко училиште) и во Белград, каде што дипломира на тамошната Музичка академија во 1960 година. Работниот век го минува во Македонската радио-телевизија, најнапред како соработник во музичките редакции (1960-1964), а потоа како диригент на Танцовиот оркестар, на чиешто место останува сè до крајот на неговиот работен век.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

Основоположник е и на најпознатиот фестивал на детска песна во Македонија – „Златно славејче“.

Како диригент, Џамбазов извршил мисионерска улога во популаризацијата на музиката за танцов и ревиски оркестар.
Во својата кариера има добиено многубројни признанија, меѓу кои се и највисоките државни („11 Октомври“ за животно дело, „13 Ноември“ и др.) и стручни награди.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Творештвото на Александар Џамбазов главно припаѓа на популарните жанрови. Повеќе од 40 години неговите композиции беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија.

Advertisement

Во првите петнаесетина години од постоењето на фестивалот „Златно славејче“ неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да израсне во еден од највжните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Некои од неговите песни со задоволство се слушани и ден денес.

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

Маестро Џамбазов денеска го прослави 85-от роденден.

За разлика од минатите години кога неговиот син Игор Џамазов организираше прослави во негова чест, оваа година немаше голема роденденка забава.

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил објави негова фотографија, а во опис напишаз. „Среќна 85-ка, маестро мој“.

Маестро Џамбазов беше долги години во брак со актерката Анче Џамбазова, ќерка на актерот Петре Прличко, која пooчина во 1997 одина.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Плод на нивната љубов се нивните деца Игор и Тања Џамбазови.

Маестро Џамбазов во интервју за ММС кажа дека по загубата на Анче му било мноу тешко, што дури сакал и да се caмоу ие, но единствено нешто што го одржува во живот се неговите деца Игор и Тања.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

-Да, да, славам 58ми роденден.. Хахахах Ако ги свртиш бројките обратно. А како славам? Па јас сум затвореник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А што ќе славам. Мојот живот без Анче е трагикомедија. Јас сум медицински феномен. Имам шекер веќе 25 години и за овие години на контрола не сум отишол.

На мојот псохофизички феномен што го имам во себе не му веруваат докторите, не сум бил 24 години на контрола а 22 години не сум го мерел шеќерот.

Да, да 24та година како примам инсулин а не сум бил на контрола. Јас сум навистина некој медицински феномен, бидејки вакво нешто во областа на дијабетисот не е можно. Зошто? Само затоа што ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку без Анче немаше да преживеам!

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Кога Анче ми почина на раце мислев дека нема да издржам. Тргнав да скокам, да се самоубивам. Почина татко и две години пред неа, па потоа таа ми пooчина на раце. Е сега можеш да замислиш каков јас живот живеам. Не излегувам од дома, два пати за 15 дена одам до пазарчето во Тафталиџе, пријател носи зимница за Игор а за мене вино. Зошто? Мој пријател лекар ми рече нешто што требало да го паметам за цел живот. „Секој ручек и секоја вечер по една чаша црно вино ќе пиеш“, така ми рече. Ова ми го кажа пред 24 години и јас сум уште жив. Ова што мене ми се случува, пак, ќе кажам е некој феномен, вели Џамбазов за ММС.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Инаку, неговиот син, актерот и шумен Игор Џамбазов во последно време е многу актуелен во јавноста откако ја обелодени врската со алпинистката Илина Арсова.

Големата разлика во годините воопшто не им пречи и тие уживаат во војата љубов.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Активни се и на социјалните мрежи каде често објавуваат заеднички фотографии од нивните авантури.
Игор сподели фотографија и од средбата на Илина со неговиот татко.

„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм
ФОТО: Игор Џамбазов/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button