Познатата турска убавица од „Сулејман Величествениот“ се шета со ПРАВОСЛАВЕН КРСТ на вратот, но не сака да го открие значењето
Познатата актерка ги збуни своите фанови…
Младата актерка Мерве Болугур која се прослави со улогата на заводливата Нурбана во „Сулејман Величествениот“ важи за една од најпопуларните турски актерки. Таа само на Инстаграм има преку четири милиони следбеници од целиот свет, пред кои оваа 33 годишна убавица е поприлично активна и секогаш радо одговара на нивните прашања.
Но едно од прашањата што ги доби од обожавателите таа очигледно не го очекуваше.
Имено, на еден од нејзините фанови не му се допадна тоа што Мерве, која е муслиманка, околу вратот носи крст од православна црква. „Зошто носиш крст, ако си муслиманка?“ ја запраша актерката корисникот на социјалните мрежи кој не беше воодушевен од нејзиниот потег.
Но таа не сакаше премногу да зборува на таа тема.
„Јас ги почитувам сите религии, но крстот има посебно, само на мене познато знаење и нека остане тоа така“, кратко одговори шармантната актерка која се прослави со својата улога во „Сулејман Величествениот“. Таа се појави во последната сезона на популарната серија каде ја глумеше моќната сопруга на Селим втори, која го раководеше харемот во Топкапи палатата, и со нејзините талент и харизма ја освои публиката.
Мерве кариерата ја почна како манекенка, сними во неколку реклами а потоа доби улога во хумористична серија.
Од тогаш играла во повеќе турски серии, а во една од нив партнер и беше познатиот актер Бурак Оџивит ( кај нас познат по улогата на Бали бег). Во 2010 и во 2011 ги доби признанијата за најдобра турска актерка.
Во Сулејман Величествениот, Мерве ја игра Сесилија Ваниер Бафо, историска личност чие потекло не е официјално документирано. Продуцентите на серијата се решија за верзијата според која таа е вонбрачна ќерка на венецијански благородник и гувернер.
Во 1537, на 12 годишна возраст, била киднапирана од грчкиот остров Фарос, од страна на пирати.
Подоцна таа со нејзината слугинка доаѓа во харемот на синот на Хурем, Селим втори, каде го добива името Афифе Нур – Бану, што значи „божествена кралица со коса што свети“. Хурем препознава голем капацитет во младата девојка, убавина, духовитост и интелигенција, и веднаш и одредува место во харемот и најдобро школување.
Нурбану ќе роди 4 деца од кои синот Мурад ќе го наследи Селим на престолот.
Таа е заслужна за продолжувањето на „владеењето“ на силните жени што го почна султанката Хурем, а во харемот опстана цели 130 години.
Така Мерве стана Нурбану, новата убавица во Величествениот.
За да ја добие оваа улога, Мерве мораше да ослабне 8 килограми за да влезе во костимите на убавицата од харемот кои биле кроени во конфекциски број 34.
Мерве вели дека исклучително ја почитува Мерием Узерли и не сака да ја споредуваат со неа, ниту да ги коментира забелешките дека таа ја добила улогата за да го пополни испразнетото место на раскошна убавица кое се испразни со заминувањето на Мерием.
Инаку, Мерве зад себе има пропаднат брак со познатиот турски кантавтор Мурат Далкулич. Таа го кажа своето судбоносно „да“ со четири години постариот Мурат во 2015 година, а по две години решија да се разделат.
Медиумите неодамна пишуваа дека бракот им го растурила нејзината колешка Ханде Ергел, актерката од „Црн бисер“ и „Чукај на мојата врата“, која својата кариера исто така ја започна како манекенка.
„Одлучив да го прекинам бракот, кој долго време се обидував да го спасам заедно со Мерве, мојата драга сопруга која што ја сакав со години… Сите ве молиме да имате почит во овој емотивен период низ кој минуваме“, порача тогаш нејзиниот поранешен сопруг преку социјалните мрежи.