Позната „Гранд ѕвезда“ соопшти трагична вест – една негова ПОРАНЕШНА девојка прерано го изгуби животот
Младиот пејач се присети на најтешкиот период од животот
Најтешко е кога некој млад, близок човек ќе не напушти предвремено, а токму тоа му се случи на Петар.
Тој тогаш беше скршен од болка, нема никогаш да ја заборави.
Имено, Гранд ѕвездата Петар Митиќ во едно интервју зборуваше на тажна тема поврзана со губењето на некоја блиска личност во животот, нешто што за жал во последно време се почесто се случува како кај нас, така и во целиот свет заради ситуацијата со вирусот корона.
Тој се присети на тешките моменти што посебно го погодиле и по кои му требало многу време да се закрепне. Во прашање е девојка со која бил во врска, а која го изгуби животот трагично и тоа додека имала настап.
„Се викаше Сања, бевме соработници. За жал некои млади луѓе пред време не напуштаат… Таквите луѓе не треба да ги заборавиме, мора да се сеќаваме на нив, но јас бегам од тоа затоа што сум емотивен и тоа многу влијае на мене. Во тој момент ние бевме пријатели.“
„И откако бевме заедно останавме пријатели, така што повеќе изгубив пријател“, изјави пејачот.
И неговата сопруга е пејачка
Инаку Петар веќе осум години е во врска со пејачката Ивана Павковиќ која исто така се прослави во Гранд ѕвезди. Тие запловија во брачните води во 2016 години, откако една година претходно Петар ја запроси својата сакана.
Романтичните моменти што тогаш ги имале на летувањето, букетот со цвеќе и подароците останаа убав спомен на која секогаш радо ќе се сеќаваат, а бракот го крунисаа со раѓањето на синот Вујадин кој има четири години.
На почетокот од годината се шпекулираше дека имаат проблеми и дека бракот им е во криза, а се шушкаше и дека пејачот ја изневерува пејачката.
Но тие тогаш ги демантираа таквите гласини, а тоа впрочем можеме да го видиме и од нивните заеднички фотографии.