Реклама
Вирално

Германците се први на светот што ќе воведат ваков необичен закон – граѓаните шокирани, посебно оние што чуваат миленици

Реклама

Германија воведува задолжително шетање на кучињата и тоа по два пати на ден, минимум еден час во една прошетка.

Фото: Илустрација

Со новите мерки исто така се забранува и трајно да се држат кучињата врзани на синџир, а законот треба да влезе во сила во текот на следната година.

Министерството за земјоделие во Германија во текот на летните месеци го изработи нацртот за новиот закон со кој на сопствениците на кучиња им се пропишува најмалку два пати во денот да ги шетаат своите домашни миленици. Во нацртот на уредбата пишува дека кучето мора најмалку два пати дневно, по еден час, да помине надвор, пренесе во текот на претходната недела „Рајниште Пост“.

Маркетинг

Овој закон во Германија ќе биде усвоен следната година и со него сопствениците на кучиња ќе мораат да ги шетаат милениците по два пати на ден.

Маркетинг

Според министерката за земјоделие Јулија Клекнер, новиот закон ќе биде усвоен затоа што податоците покажуваат дека 9.4 милиони кучиња во земјата не поминуваат доволно време надвор.

Фото: Унсплаш

Со оваа уредба се забранува кучето преку целиот ден да остане само дома, туку некој мора да се грижи за нив.

Причина за ова ново правило е новото научно откритие за потребите на кучињата, изјави министерката Јулија Клекнер. Според нејзините зборови, кучињата треба да имаат можност доволно да се движат и да контактираат со надворешниот свет. Таа изјави дека овие правила се темелат на научни факти кои покажуваат дека на кучињата им е потребна доволна активност и контакт со стимуланси од надворешното опкружување, што вклучува други животни, природа и луѓе.

Фото: Унсплаш

Врзувањето на кучето и предолгото водење на синџир исто така ќе биде забрането, а сопствениците ќе мора поревносно да се грижат за миленици.

Имено, со новите уредби исто така се забранува и постојано држење на кучињата на синџир.

„Кучињата не се плишани играчки. Тие исто така имаат свои потреби, кои мораат да се имаат во предвид“, изјави министерката.

Новите правила содржат уредни и за одгледувачниците на кучиња, како и за максималниот број женки со мали кученца, кој се ограничува на три, како и за боксот во кој што живеат во однос на големина и температура.

Фото: Унсплаш

Најавата за новиот закон покрена бројни дебати во Германија, а главното прашање се однесува на тоа кој ќе биде надлежен за проверка на 19 отсто од домаќинствата во оваа земја кои имаат куче како домашен миленик.

Фото: Унсплаш

Портпаролот на министерството за земјоделие изјави дека власта во сите 16 сојузни држави на Германија ќе биде задолжена за спроведување на законот.

Фото: Унсплаш
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

https://www.instagram.com/p/CEEhdQkJkif/

 

https://www.instagram.com/p/CGirgXcJFEU/

https://www.instagram.com/p/CGk2IhABtFO/

https://www.instagram.com/p/CGk1tL4JoME/

https://www.instagram.com/p/CGk0ul8lT_J/

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button