Пејачката Џејла Рамовиќ ги спакува куферите и ќе го НАПУШТИ БАЛКАНОТ? Дали реши да ја напушти и естрадата?
Минатогодишната победничка на музичкото шоу Гранд ѕвезди Џејла Рамовиќ ги откри плановите за во иднина.
Но она што таа го сподели со јавноста, сигурно ги разочара нејзините бројни фанови кои што ги има во регионот. Имено, таа во емисијата „150 минути“ објасни дека планира да го напушти својот роден град и да замие во странство каде ќе се запише на Економски факултет.
„Студирањето сепак ќе ми биде приоритет во однос на пеењето. Тоа е нешто што ќе го одреди мојот живот.“
„Пеењето дојде од моја желба, но сметам дека треба прво да видам што понатаму со образованието и по завршување на четвртата година од средното училиште веќе ги бирам градовите во кои би можела да заминам и да го продолжам моето школување“ изјави Џејла.
Сепак, младата пејачка се надева дека ќе има време да учи, но и да снима и да пее, а нејзина желба е да бие присутна и понатаму на музичката сцена.
Инаку, Џејла годинава го прослави својот 18-ти роденден. Таа стана полнолетна на 29 април, но заради корона вирусот не можеше да направи голема прослава.
Taa е девојка која што плени со својата убавина, но и со својот ведар дух и харизма кои и го отворија патот до успехот.
Има голем број фанови во целиот регион, а поприлично популарна е и на социјалните мрежи.
Таа само на Инстаграм има речиси половина милион фанови, а некои од нејзините фотографии погледнете во продолжение.
Во продолжение погледнете како изгледаат и убавите сестрите на Џејла, Лејла и Шејла Рамовиќ.
Инаку, пред само неколку дена најстарата сестра на Џејла, Лејла Рамовиќ беше запросена од своето момче.
По повеќегодишната врска постарата сестра на најпознатата тинејџ ѕвезда во регионот беше запросена од своето долгогодишно момче Дино Јолдиќ и тоа на 1970 метри надморска восочина, на планина.
Еве како изгледаше тоа …