UncategorizedНаши ѕвезди

Еве што се случи со медицинската сестра што ги шoкиpaше сите – пациентите ги лечеше од корона во проѕирна oблека

Advertisement

„Нејзината облека едноставно не ги исполнуваше стандардите“.

Advertisement

Руската медицинска сестра која беше предупредена од претпоставените во болницата откако пациентите ја снимаа во проѕирен заштитен комбинезон под кој можеше да се види нејзината до лна облека сега има нова кариера.

Надија Жукова (23) тврди дека не знаела колку е транспарентна униформата што ја носела додека се грижела за пациентите кои се заразени со вирусот корона, но еден од пациентите ја фотографирал, а фотографијата веднаш стана вирална и го заобиколи светот.

И додека јавноста се забавуваше, нејзините шефови не беа задоволни и ја предупредија дека нејзината „облека не е во согласност со стандардите“.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова

Но на Надија наскоро би можело навистина воопшто да не и е грижа што велат газдите во болницата, затоа што таа е на чекор да го промени работното место и да започне нова кариера. Прва работа што ја доби како манекенка е да сними реклама за спортска облека, а во иднина, којзнае што ќе се случува. Покрај тоа, таа најави и дека планира да почне со студии за да стане докторка. Во првото интервју по скандалот, таа изјави дека сè уште е засрамена од сето она што и се случи во болницата со транспарентниот комбинезон.

„Знам точно кој ден е направена фотографијата, но тоа како толку бргу се прошири на Интернет е мистерија. Се сеќавам дека се враќав од смената, а луѓето ми праќаа линкови од статии“ – рече таа, додавајќи дека фотографијата е направена од маж кој беше лежеше во истата соба во болницата.

„Се препознав веднаш и веднаш ги заклучив профилите на социјалните мрежи. Не сакав такво внимание“ – тврди Надија.

Медицинските сестри се фотографираа за поддршка на Надија

Таа вели дека целата ситуација е „ужасна“ и им се заблагодари на колегите кои ја поддржуваа во текот на целата ситуација.

Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Канадски уметник со илустрација на Надија
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова
Фото: Инстаграм/ Надија Жукова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button