Реклама
CelebrityUncategorizedНовости

Нема да ви се верува колку пари ќе потроши Брена за нова јахта

Реклама

Знае како да ужива во животот!

Лепа Брена наскоро ќе стане сопственичка на една јахта која по цена значително ќе се разликува од сегашното пловило што го поседува нејзиното семејство.

Маркетинг

Според информации објавени во српските медиуми, во прашање е значајна инвестиција, со која Живојиновиќ планираат да започнат бизнис и да заработуваат пари.

Во светот меѓу богатите веќе со години е популарно изнајмување на јахта за обиколка на морските дестинации, како поединечно така и за организирани туристички излети. Популарната пејачка во договор со сопругот Бобан одлучиле да вложат средства во тој бизнис. Во прашање е сума од некаде околу половина милион евра, пишува српскиот „Курир“.

Маркетинг

Наводно Брена токму затоа веќе неколку недели престојува во Монте Карло, каде е центарот за луксузни јахти, кои се продаваат по поволни цени. Досега пронашла неколку пловила кои би им одговарале потполно, но тие се поскапи, па се откажале. Посебно им се допаднал бродот на кој го сними познатиот видео запис за песната „Југословенка“, но тој не е на продажба, ниту пак може да се прилагоди за она што им е потребно на Брена и Боба.

Јахтата на Брена не само што ќе биде луксузно опремена и модерна, туку ќе биде украсена и со симболи кои потсетуваат на долгогодишната кариера на најпознатата пејачка во регионот. Бобан детално ќе се погрижи за тоа, пишува Курир. Тој наводно веќе и покажал на својата сопруга како треба да изгледа. Туристите на бродот ќе можат да видат одредени предмети што припаѓаат на Брена, како што се нејзините костими, накит, фотографии и други работи. Исто така, постои голема можност јахтата да го носи името на пејачката – Лепа Брена. Значи, ќе биде тоа јахтата на Брена!

Секој што ќе сака да плови по Јадранот со бродот на Брена, сигурно ќе мора да издвои голема сума пари за тоа, а дестинацијата ќе ја започне во Хрватска, каде бродот ќе биде закотвен. Како што стојат работите сега, јахтата ќе започне со крстарење следното лето.

Познато е дека Брена откако го продаде својот удел во „Гранд продукција“, решила да ги инвестира своите милиони во нови бизниси што немаат никаква врска со музиката. Прво, започна со производство на вино, а наскоро ќе започне изградбата на луксузен станбен комплекс кај Нови Сад. Како што објави „Курир“, таа веќе купила 80 хектари земја, каде ќе инвестира вкупно два милиони евра.

Како би изгледала јахтата

И Бобан и Брена обожаваат летата да ги поминуваат на море. Тие ќе го посетат целото Црногорско и Хрватско крајбрежје, а најмногу сакаат да најдат некоја зафрлена плажа до која може да се стигне само по воден пат. Уживаат и кога се со нив пријателите, кога друштвото е поголемо, раскажува изворот, а пренесе познатиот портал „Пулсонлајн“.

Тие сакаат новото пловило да има повеќе простории од старото бидејќи нивното семејство сега е зголемено.

Тие на почетокот од годината беа забележани како разгледуваат јахти и во Црна Гора. Брена имаше закажани настапи во Црна Гора, а нејзиниот сопруг Боба реши да тргне со неа како заедно би го поминале Денот на вљубените, но и би ја разгледале новата наутичка понуда.

Минатата година пак, на саемот за наутика во Италија фрлиле око на моделот „azimut s86“. Во прашање е јахта која е долга 26 метри и широка шест метри. Поседува четири кабини и осум легла, како и две кабини со по едно легло за членовите на посадата. Содржи и салон со домашно кино, најсовршено озвучување и комплетно опремена кујна.

Стефан замина во Америка

Откако се откажа од пејачката кариера, постариот син на Брена, Стефан Живојиновиќ, исто така, ќе започне со приватен бизнис кој нема да има никаква врска со музиката, ниту пак ќе се експонира во јавноста. Во моментов тие не откриваат со што ќе се занимава тој, но сигурно е дека работата ќе ја извршува надвор од Србија. Тој замина во Америка, па се претпоставува дека таму ќе се обиде да го развие својот бизнис.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button