Реклама
BEAUTYНега и здравје

Смути за здрав почеток на денот: Многу користи од само неколку состојки

Реклама

Ова смути ќе ви ги даде сите хранливи материи за денот да ви започне полн со енергија.

ФОТО: smoothiefairytales.com

Потребни состојки за две лица:

  • 3 киви
  • 1 банана
  • две чаши спанаќ
  • 50 грама овесни снегулки
  • чаша млеко по избор (најдобро бадемово или кокосово)
  • јогурт 250 грама

Начин на подготовка: Во блендер најпрво ставете го млекото, овесните снегулки и спанаќот, па мешајте добро додека не добиете изедначена смеса. Потоа додајте го јогуртот и овошјето и мешајте додека смесата не стане компактна. Пијте го веднаш за состојките да не ги изгубат своите вредности со стоењето. Уживајте во здравото и вкусно смути, со кое ќе ги задоволите сите ваши дневни потреби за витамини и минерали.

Совет плус: Секогаш во вашиот дом имајте свежо овошје и зеленчук. Потрудете се истото веднаш да го измиете и да го ставите во сад, па потоа веднаш во фрижидер. На овој начин никогаш нема да губите време, ниту пак ќе ве мрзи да си подготвувате смути, туку веднаш ќе почнете со блендирање.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button