Реклама
UncategorizedВирално

Извадив бугарски пасош и одвај чекам повторно да заминам во Германија – таму дневно заработувам повеќе од цел месец во Македонија

Реклама

Неверојатна дневница – за оваа работа во Германија ќе добиете половина македонска плата и тоа за само еден ден

Многумина се изненадени кога ќе слушнат дека дневницата за берење шпарлги во Германија може да достигне и до 150 евра. Работниот ден во нормални услови трае од осум до 10 часови, а вклучена е и пауза, додека во недела не се работи. Но некои денови се работи и повеќе, посебно кога е потопло и шпарглите растат побрзо, но тогаш имате можност и повеќе да заработите, бидејќи во Германија секој час ви е платен…

Во секторот земјоделие се работи напорно и се плаќа околу девет и пол евра од час, што за повеќето Германци е многу ниска плата, па така од нивна страна речиси и да нема интерес за ваква напорна, а слабо платена работа.

Маркетинг

Но затоа оваа работа е мошне атрактивна за странци, посебно за печалбарите од поранешните југословенски републики.

Од наведениот износ треба да се одбие данокот, но сезонските работници тој износ можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година, но најчесто проблем е што малку сезонски работници добро го познаваат законот, па не се ни запознаени со оваа можност.

Маркетинг

На форумите на интернет како и на социјалните мрежи можете да најдете многу информации за заминување во Германија. Од она што можевме да го прочитаме, мислењата се поделени – од работници кои се воодушевени од брзата заработка, до разочарувања на поединци, посебно заради високите цени како на пример на цигарите и некои други артикли.

Но покрај ова како проблем се наведува и што понекогаш се работи и по цел ден, паузите за ручек се кратки и не се платени, како и сместувањето – наводно сместувањето во заедничките бараки и по еден оброк дневно чини околу 10 евра. И тоа што се работи сабота, а понекогаш дури и недела.

Но и покрај ова, голема е заинтересираноста на нашите граѓани за сезонска работа во Германија. Покрај работното место за оние што немаат работа, на многумина критериум за да донесат одлука и да заминат во Германија им е и платата. Просечната германска нето плата во моментов изнесува околу 2000 евра. И тоа е речиси пет пати повеќе од македонската…

Плата на негувател и медицинските сестри просечно изнесува од 2000 и 2200 евра бруто, а може да биде и поголема, што зависи од тежината на работата и додатоците на платата (како прекувремени работни часови и сл).

Од друга страна висококвалификуваните стручни лица со работно искуство во просек заработуваат и по двојно повеќе, но секогаш треба да ги земете во предвид и сите трошоци околу селењето и животот во друга земја.

Искуство од прва рака

Еве што вели еден наш печалбар кој веќе неколку години работи како сезонски работник во Германија:

Пред шест години решив да извадам бугарски пасош и да си ја побарам среќата на некое друго место. По една година успеав да дојдам до него, но немав доволно пари за да заминам во странство. Требаше да заштедам неколку илјади евра или барем размислував во тоа време. Се распрашав кај пријатели, сопругата извади кредит, и јас заедно со еден комшија заминав во Италија. Таму работев исто така сезонски, а заминавме откако италијанската Влада објави оглас за вработување на сезонски работници – комшијата немаше бугарски пасош и не можеше да оди на друго место.

Тогаш можев да заминам и без бугарски документи, бидејќи Италијанците бараа да вработат сезонски работници од странство, а Македонија беше една од земјите од каде можеше без проблем да се замине.

Таму не плаќаа по 6 евра за час и можеше да се заработат по 2000 евра. Некои од луѓето што ги запознав тогаш во Италија се уште го прават ова – одат на сезонска работа во оваа земја, а потоа некои од нив продолжуваат во Швајцарија каде има работа до крајот на октомври. Јас решив да си ја пробам среќата во Германија, и еве веќе неколку години доаѓам во оваа земја како сезонски работник.

Во Финска берат јагоди и малини, но јас веќе неколку години по ред одам во Германија.

Работата се плаќа од 9 до 10 евра бруто по час, и таа од година во година се качува. Но тешко дека можете да заработите 150 евра дневно, колку што пишуваа медиумите во регионот. Сепак берењето шпаргли за германски услови е слабо платена работа, па затоа и Германците не ја работат.

Што се однесува до трошоците, тука најчесто сме сместени во заеднички простории со останатите работници. Имаме заеднички тоалети и тушеви, и ништо од ова не е луксузно. Од платата ни се одбиваат трошоците за ручек, доколку работодавецот ни го обезбедува, и сместувањето.

За ова време го научил и јазикот

Работниот ден трае од десет до дванаесет часови. Можете да земете една или две паузи за јадење, кои не се пресметани во вкупните работни часови. Но кога шпарглите растат брзо, тогаш се работи и повеќе, а понекогаш и по 20 часа дневно, додека кога е врнежливо се работи помалку.

Сезоната за шпаргли е меѓу април и јуни, но ако овој февруари температурите останат вакви, може да почне и порано.

Што се однесува до мене, јас веќе го научив германскиот јазик и работам сезонски само за да се вратам во Македонија. Тука ми е целото семејство, но сега откако го научив јазикот можам да најдам и многу подобро работа, па голема е веројатноста и следната година да заминеме сите.

Шанса и за оние без бугарски документи

Во овој момент во Германија покрај сезонските работници, кои веќе со години им се потребни, најбарани занимања се од медицинската струка, од доктори, специјализанти, медицински сестри до негуватели, потоа од ИТ секторот и програмирање од кои се бараат инженери, но се бараат и градежни и работници од услугите за транспорт и слично. Само во Германските железници во следните пет години ќе има потреба од 100.000 нови работници, кои доколку во Германија не дојдат работници од други земји, нема да можат да ги најдат.

 

Минимална плата во Германија

Германија е една од земјите во Европската унија со законски пропишана минимална плата по час. Таа во моментот изнесува 9.19 евра. Најголема законски пропишана минимална плата по час има Луксембург (11.97 евра), а повеќе од Германија имаат уште четири други членки на ЕУ: Белгија, Ирска, Холандија и Франција. Најниска минимална плата по час има Бугарија (1.72 евра), а нешто повисока од неа се Летонија, Романија, Унгарија и Хрватска (не заборавајте дека и тука се работи за бруто износи, што значи нето платата е 33 % помала).

Нов закон од 8 март

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најголема економска сила во во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата, а голема е бројката и од земјите кои се надвор од Унијата.

Но очигледно дека тоа не е доволно, па германската влада има план да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката што неодамна се најде на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button