Реклама
Uncategorized

„И грешките може да бидат прекрасни“ – мудри цитати од Робин Вилијамс

Реклама

Актерот Робин Вилијамс умре во 2014 година, а ние секогаш ќе се сеќаваме на неговите мудри зборови. Дел од неговите цитати ви прикажуваме во продолжение.

ФОТО: abcnews.go.com

„Некогаш мислев дека најлошата работа во животот е да останеш сам на светот. Не. Најлошата работа во животот е да завршиш со луѓето покрај кои се чувствувате целосно осамени“.

„Во животот ќе поминувате низ лоши периоди, но секогаш ќе ве освестат работите на кои најмалку сте обрнувале внимание“.

Маркетинг

„Ве молам, престанете толку да се грижите. На крајот никој од нас нема долго да остане на Земјата. Кога сте под стрес, погледнете ги небото и ѕвездите“.

„Што е исправно – тоа е она што останува откако ќе направите се’ погрешно“.

Маркетинг

„Не си совршен. Ни онаа девојка која ја запозна не е совршена. Но, прашањето е дали сте совршени еден за друг“.

„Има многу работи за учење. И грешките може да бидат прекрасни“.

„Без оглед на тоа што ви зборуваат другите, зборовите и идеите може да го променат овој свет“.

„Кога жените би го воделе светот, не би имале војни, само интензивни преговори секои 28 дена“.

„Никогаш не карајте се со лута личност, затоа што таа нема што да изгуби“.

„Читаме и пишуваме песни, а не затоа што ни се симпатични. Читаме и пишуваме поезија, бидејќи сме претставници на човечката раса и сме исполнети со страст. Медицина, право, бизнис, технологија, тие се неопходни за одржување на животот. Но, поезијата, убавината, романтиката и љубовта – тоа ни овозможува да живееме“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button