Нашата позната фолкерка во латекс од глава до пети – Адријана ги запали социјалните мрежи
Нашата позната фолк-пејачка Адријана Кеш објави неколку фотографии кои веднаш експлодираа од коментари.
Пејачката позира во тесни, црни панталони и јакна од латекс со која во преден план ги истакна своите облини.
Таа целото издание го зачини со шик чизмички со леопард дезен, заводлива шминка и преубава фризура.
„Кралица на темнината“ напиша Аријана под една од провокативните фотографии под која следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Нејзините фанови останаа без здив која ја видеа во вакво издание, па таа реши да објави уште неколку фотографии направени во студиото на уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови Драган Ристевски (ДРД медиа).
Неодамна во интервју за Гламур магазин (види тука) Адријана ни откри дека тешко се вљубува, но кога ќе се заљуби тоа знае да ја понесе и да трае долго, а судејќи според коментарите што ги добива под секоја фотографија, кандидати меѓу нејзините фанови за оваа „улога“ има многу.
А и како да нема кога изгледа вака, нели?