Реклама
CelebrityИнтервју

„Ги обожавам иселениците, нашинците баш си го сакаат своето“

Реклама

Гламур интервју со Адријана Ацевска

„Кеш, кеш, бато ќе ти треба многу кеш, кеш … Пари, дај да видам пари, после ќе ме ќариш”… се дел од стиховите кои пред осум години ја прославија Адријана Ацевска. Фолкерката вели дека токму овој сингл ја извадил од анонимноста и е нејзина лична музичка карта. „Работам напорно, имам настапи и сум презадоволна од правецот во кој се движи мојата музичка кариера“, ни вели Адријана.

Маркетинг

Дали фолк-пејачите го добиваат заслуженото внимание и простор на нашата сцена?

Фолкерите воопшто не го добиваат ни просторот ни времето ни вниманието. А сепак успеваме! ?

Постои ли вистинско пријателство?

Да, секако постои. Јас имам добри пријателки кои и ми се колешки, а знам дека не се гледаме како конкуренција (барем во мојот случај е така) ?

Маркетинг

Која е најинтересниот подарок кој си го добила од некој свој обожавател?

Многу често добивам цвеќиња и уживам во такво внимание. Имало и креативни обожаватели со интересни пораки и поклони, но цвеќето за мене е врв.

Колку е тешко да се освои срцето на Адријана?

Па прилично тешко се заљубувам ама кога ќе се вљубам тоа баш трае…

Мислите ли дека мажите потешко им приоѓаат на поуспешните жени?

Точно дека потешко ми приоѓаат…најверојатно се плашат од конкуренција?

На секој човек често му се случува да се разочара од својата околина и луѓето околу себе. Што е она што тебе може да те натер да се одалечиш од некого?

Најмногу се разочарувам кога некој ќе се обиде да ме излаже, а јас веќе ја знам вистината. Кога сакам некој сакам безрезервно и го очекувам истото. Можеби затоа толку многу се разочарувам.

Дали кај нас може да се живее од музика?

Од музиката може да се живее и тоа добор. И ретко кој од музичарите во Македонија има споредна работа.

Како ве дочекуваат иселениците кога заминувате на турнеи?

Обожавам кога сум во турнеја. Ги обожавам нашите иселеници, кога сме таму не пречекуваат како најблиски членови од семејството без разлика дали сме се виделе прв пат или се познаваме. Нашинците баш си го сакаат своето.

Раскажете ни некоја интересна случка?

Интересни случки има многу. Едно е да се доживее, а сосема е друго да се прераскаже. Обично тоа е поврзано со публиката и турнеите. А најинтересните се оние кога сум во САД, а јас сум шоферот. Епа сега видете вие ?

Ве препознаваме како Андријана Кеш, што може ново да очекува обожавателите од вас?

Ново од мене овој период ќе има доста. Го спремам третиот по ред албум, доста проекти и видео записи… Бев на пауза извесен период, но сега се враќам повторно на сцена.

И каде може да ве видиме и слушаме?

Скоро секој ден пејам обично во Скопје каде е и моето моментално живеалиште, така да ме има секаде?.

Подготви: Берта Мартиноска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button