Uncategorized

Работа во странство: Можеби добра за финансии, но лоша за живот

Advertisement

За жал, се’ повеќе млади одлучуваат да заминат на работа во странство. Другите земји нудат добри можности за работа, меѓутоа, многумина од иселениците тврдат дека странците во тие земји не се чувствуваат добро.

ФОТО: fineartamerica.com

Високи кирии, недостаток за место и игра во двор, зголемени животни трошоци. Тоа се маките кои ги мачат работниците. Иселениците отворено признаваат дека тешко е да се спријателат со тамошното население. Всушност, за да се тргне по овој пат, човек мора да биде најпрво ментално подготвен за да ги издржи почетните потешкотии. Речиси секогаш се појавува носталгија, нови работни дисциплини, нов менталитет, нова средина…

Advertisement

Жално е што се чека дури летото за средби со семејството. Многумина признаваат дека во странска земја многу пати дошле и до работ на сиромаштијата. Неразбрани муабети, лутање по непознати градови.  Некои карактери едноставно многу тешко го поднесуваат ова, па се враќаат во родните краишта. Понекогаш финансиите не се доволен мотиватор. Некои успеваат да ги преминат тешките моменти и години и се навикнуваат, но дупката во срцето стои секогаш.

Ако сакате да добиете повеќе, треба да платите висока цена, цена која значи многу вредности во животот. Убавите и неубавите моменти во вашето семејство ќе минуваат без ваше присуство. Најдобрите години минуваат, со надеж за подобра иднина, со надеж за посветло утре.

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button