Колешките досега никогаш немале никаков проблем.
Јелена Карлеуша е позната како некој што нема влакна на јазикот и поради тоа многу често се расправа со своите колеги и колешки. Но со нејзината колешка Ана Бекута со која денес учествуваат заедно и во жирито на популарниот музички натпревар досега никогаш не кажала ништо лошо.
Имено, Карлеуша и Ана веќе со години седат заедно во „Ѕвездите на Гранд“ каде одлично соработуваат како колешки.
Познато е дека Бекута отсекогаш била благонаклонета кон својата помлада колешка, а тоа е така бидејќи беше пријателка и со нејзината мајка, Дивна Карлеуша. Токму затоа таа секогаш е на нејзината страна и и’ е поддршка.
Јас Дивна ја познавав целата моја кариера и се сеќавам дека, кога Јелена требаше да ја сними првата плоча, Дивна ја имаше мојата поддршка. Долго време соработувавме без интерес и бевме пријателки. Јелена сигурно го знае и е свесна за тоа. Јас неа ја запознав како многу топла и искрена пријателка, која е во состојба да загине за своите пријатели и јас неа така ја доживувам, изјави Бекута за Карлеуша.