Реклама
Холивуд

Најубавото девојче на светот порасна во најубавата жена на светот

Реклама

Се вели дека убавината е во очите на оној што набљудува, но натпреварите за убавина сепак се реалност, а често се објавуваат и листи со најубавите и најпосакуваните личности од целиот свет.

 

Маркетинг

На тој начин и Тајлин Блонду беше прогласувана за најубаво девојче на светот и тоа веќе шест години по ред, а денес, 11 години подоцна, француската манекенка повторно се најде на листата со 100-те најубави лица на светот, според изборот на ТЦ Кандлер. Таа на крај убедливо ја победи конкуренцијата и повторно го освои првото место.

Маркетинг

 

„Не можам да поверувам во тоа. Им благодарам на Т.Ц. Кендлер и сите кои гласаа за мене. Никогаш не мислев дека ќе бидам број еден “, ги сподели таа среќните вести со нејзините 2,6 милиони следбеници на Инстаграм.

Инаку, изборот за најубавата личност од страна на ТЦ Кандлер постои од 1990 година, а порано победнички беа Мишел Фејфер, Мег Рајан, Никол Кидман, Кира Најтли, Кејт Бекинсел и многу други познати имиња.

Станува збор за ќерката на пензионираниот фудбалер Патрик Блонду, а која има поприлично контроверзна кариера како модел. На само четири години се појави на модната ревија на Жан Пол Готје, а две години подоцна позираше за насловната страница на магазинот Vogue Enfants.

Тајлин кога имаше само десет години беше најмладиот модел што се појавил во модната библија „Vogue Paris“, а исто така има и своја сопствена линија на облека.

https://www.instagram.com/p/Bi7ie5WAqm0/

https://www.instagram.com/p/BpZ6XUQB0_w/

https://www.instagram.com/p/BZCLemlg0db/

https://www.instagram.com/p/Bcc3RVUBinv/

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button