Еве што не смее да прави Бурак Озџевит ни под разно откако му е бремена сопругата
Еден од најпознатите турски актерки, Бурак Озџивит, овие денови прави буквално сé како би ја направил посреќна својата убава сопру Фахрије Евџан.
Според турските медиуми, Бурак Озџивит е помал од афионово зрно откако дозна дека неговата сопруга, актерката Фахрије Евџан е во блажена состојба.
Како што пишувавме и порано (види тука), покрај тоа што мораше да го распродаде својот возен парк поради комшиите и да изнајми нова вила, актерот кој сите го памтат како симпатичниот Бали-бег од хит серијата „Сулејман Величествениот“ прави сé само да ја задоволи својата бремена сопруга.
https://www.instagram.com/p/BV_744Plv4g/?utm_source=ig_embed
Фахрије наводно му забранила да користи било каков парфем во домот, бидејќи истите и создаваат мачнина, пренесуваат турските медиуми.
Исто така му забранила и да порачува готова храна и дека сака да се исхранува исклучиво здраво – што значи дека му е забрането да му носат храна и од неговиот ресторан за брза храна што го има во Истанбул.
https://www.instagram.com/p/BobpnlXAlbs/
Бурак поради бременоста на сопругата ги окажа и своите патувања за да може подолго време да поминува заедно со неа.