Реклама
Кафе муабет

Еве зошто Фахрије Евџен е една и единствена за Бурак Озчивит, актерот што го глумеше Бали Бег!

Реклама

Турскиот актер Бурак Озчивит познат по улогата на Бали бег во интервју за српскиот неделник Story зборуваше отворено за неговата врска со Фахрије Евџен.

Бурак Озчивит (31) кој на овие простори стана познат со неговата улога на Бали Бег во Сулејман Величствениот скоро две години ужива во романтична врска со неговата колешка Фахрије Евџен (29). Тие се запознале на снимањето на серијата Дневникот на љубовта кога и започнала нивната љубовна романса. Тој во интервјуто призна зошто Фахрије за него е единствена, но зборуваше и за еден настан што го доживеале заедно за време на дочекот на Нова година во Виена. „Ја оставив настрана неоснованата љубомора. Животот ме научи дека не треба да претерувам во ништо. Ние двајцата се познаваме многу добро така што сигурно нема да имаме проблеми поради професијата со која се занимаваме и двајцата. Фахрије е единствена и таа ме разбира најдобро“ изјави Бали Бег за неговата шармантна и убава девојка.

Маркетинг

Инаку, тие двајцата на дочекот за Нова година во Виена имале една сосема неочекувана ситуација. Тој во хотелот направил селфи фотографија која ја објавил на Инстаграм, по што пред хотелот почнале да се собираат неговите фанови. За многу кратко време настанала голема гужва пред хотелот, така што морале да интервенираат и од полицијата која им помогнала безбедно да го напуштат хотелот и да заминат на аеродромот.

Маркетинг

Кога полицаецот во полицискиот автомобил со кој ги носеле до аеродромот го прашал Бурак кој е тој и зошто е толку популарен во Австрија, тој едноставно одговорил дека не очекувал такво нешто и дека е изненаден. „Сулејман Величествениот дошол до капијата на Виена, но по се изгледа дека ние го освоивме овој град“, изјави Бурак за Story.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button