Совршен фустан за почетокот на студениот период
Без разлика на тоа што ни пристигаат се постудени и постудени денови, и ние сакаме во секој момент и во овие „сиви“ температури да изгледаме модерно и убаво.
https://www.instagram.com/p/BoNBc1kh7YU/?utm_source=ig_embed
И како што тоа го правиме многу често кога сме во потрага по идеи, скокнавме на Инстаграм и таму побаравме инспирација. Овој пат во фокусот ни е Емили Ратајковски и токму на нејзиниот профил го најдовме фустанот кој е идеален за студените есенски денови. Топол, долг, удобен, а притоа и мошне секси, токму онака каков што сакаме.
https://www.instagram.com/p/BoMfhckhcYd/?utm_source=ig_embed
Долгиот фустан потсетува на предимензиониран џемпер и е во беж нијанса. Манекенката го носи со ремен и покажа како можеме да изгледаме убаво и притоа да ни биде топло и пријатно. Од друга страна и чизмите до колена во боја на вино одлично се вклопија во целата комбинација, па ништо чудно следниве денови, кога температурите ќе паднат повторно, и ние да го пробаме ова шик издание.
Што мислите вие?