Оваа девојка од соседството заврши фармација и работеше како аптекарка, а потоа стана една од најуспешните блогерки во Британија
Во плакарите има колекција со чанти вредна преку 100.000 фунти, а неодамна го посети и уживаше во убавините на Охридското езеро
На Инстаграм има преку 600.000 следбеници од целиот свет, а во своите плакари колекција со преку 70 чанти поради кои британскиот Дејли меил ја постави меѓу дамите со најскапа колекција на чанти. Досега има правено кампањи за најголемите светски дизајнерски имиња како што се Марк Џејкобс, Диор, Фенди, а неодамна беше во посета на Охрид и објави неколку прекрасни фотографии на социјалните мрежи. Во прашање е Тамара Калиниќ која денес важи за една од најпознатите модни блогерки во целиот свет.
https://www.instagram.com/p/BikDeuAnpRd/?utm_source=ig_embed
По струка е фармацевтка, а денес живее и работи во Лондон. Популарноста најмногу ја стекна благодарение на нејзиниот атрактивен изглед и луксузен начин на живот, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите што редовно ги објавува на Инстаграм и на својот блог „Glam & Glitter“.
Кликнете тука и прочитајте што мисли таа за нејзината неверојатна колекција со чанти вредна преку 100.000 фунти.