Криси Тајген и Џон Леџенд деновиве станаа родители на момчето Мајлс неколку дена пред предвидениот термин.
Покрај девојчето Луна Меј, која има две години, Криси Тајген и Џон Леџенд имаат нов член во семејството. Манекенката откако се породи неколку пати беше во центарот на вниманието на социјалните мрежи, а обожавателите се воодушевени од нејзината искрени објави поврзани со убавината и болката што ги мачи повеќето жени по породувањето.
https://www.instagram.com/p/BjWPFT6nU3q/?taken-by=chrissyteigen
Како што ни открива Криси во бременоста на подрачјето на стомакот постојано нанесувала креми против стрии кои, судејќи според нејзиниот „Инстаграм стори“, не ја завршиле добро работата. Непријатно изненадена и разочарана, 32 годишната Криси пред многубројните фанови ги покажа своите стрии што ги доби на нозете и во пределот на стомакот и покрај фактот што цело време се обидувала кожата да ја одржи влажна и со негување за време на последната бременост.
https://www.instagram.com/p/BjBoHHQH6ox/?taken-by=chrissyteigen
„Нееее… мислев дека направив добра работа со кремите“ се полажи познатата манекенка во една од последните објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи што можеа да ја видат голем број обожаватели од целиот свет.