Иако се сомневаме дека ви е потребен совет од нас за да имате „незгодна“ сесија, сепак, доколку некогаш ставата на вага и сакате да измерите дали е ОК да мастурбирате или не, тука сме за да ви помогнеме.
Всушност мај е мастурбаторски месец (како и останатите 11 месеци во годината – барем за повеќето од нас, нели?) па зошто да не се наместите во згодна позиција и не почнете да уживате во благодатите на животот. А еве и неколку придобивки што ги добивате по секоја успешно завршена мисија.
Со мастурбација против главоболка
По секој оргазам се лачат хормони кои ја намалуваат физичката болка во телото, а го зголемува протокот на крвта и тоа може да биде совршен лек за главоболка, а во некои случаи помага и кај оние кои имаат мигрена.
И што е најважно од сé, многу е поинтересно отколку да се напиете кафетин или аспирин, нели?
Мастурбацијата е добра е за вашата кожа
Веднаш по една добра сесија ќе добиете сјај на кожата бидејќи се зголемува протокот на крвта во вашето тело и кожата. Но хормоните ослободени при оргазам исто така го намалуваат кортизолот, хормонот на стресот, а тој го намалува и имунитетот. А тоа значи помалку стрес, подобрен имунитет, но и подобар тен, помалку акни, црвенило и голема веројатност да и кажете збогум на сувата кожа.
Полесно заспивате
Оргазмот ослободува хормони кои прават да се чувствувате поспано. Па доколку имате проблеми со сонот, не заборавајте што треба да направите.
Мастурбацијата ја подобрува попродуктивноста
Верувале или не, но некои психолози предлагаат дека нема ништо лошо во тоа понекогаш да прекинете со работата и да преминете на мастурбација (ова ние не го предлагаме, освен ако не работите од дома). Имено, на овој начин подобро ќе се фокусирате на работата, ќе бидете помалку агресивни, ќе бидете попродуктивни и секако, со насмевка на лицето. Плус ќе ви го намали стресот, но и ќе ви помогне полесно да ги остварите тешките задачи кои се пред вас.