Фантастично деловно издание на познатата дама
Амал Клуни ни одржа лекција како да изгледаме софистицирано и апсолутно да доминираме па дури и кога станува збор за деловен стајлинг. Имено познатата адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни носеше црни панталони и сако, но со фантастичен крој кој совршено стои на нејзиното тело.
https://instagram.com/p/Bha1_lzl2Hk/?utm_source=ig_embed
Сакото е со внатрешно закопчување и е со кратка должина, додека панталоните се шират во долниот дел и паѓајќи преку високите потпетици создаваат визуелен ефект на издолжени нозе. Монотонијата ја разби со белата маица која се наѕира од под отвореното деколте, црвениот кармин и класичниот „Burberry“ тренч мантил во светло розова нијанса со кој ја „подигна“ целата комбинација.
Па, што велите за ова издание на Амал?