Реклама
BEAUTYДиети

Слабеење со пешачење: 3 закони за брзо намалување на вишокот килограми

Реклама

Пешачењето е секојдневна навика чиишто бенефити повеќето не ги искористуваат максимално. Имено, пешачењето може да биде единствената физичка активност која ќе ви е потребна за да ослабнете. Секако, треба да го контролирате и дневниот внес на калории. Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми на брз и лесен начин со пешачење, тогаш придржувајте се до овие три законитости.

1. Достигнете до 15.000 чекори дневно

Целта нека ви бидат 15.000 чекори дневно. Можеби оваа бројка ви изгледа преголема, но тука е вметнат баш секој чекор кој ќе го направите од моментот кога ќе станете од кревет. Не мора уште веднаш да започнете со оваа бројка, туку полека зголемувајте го интензитетот додека не ја достигнете целта.

2. Движете се кон нагорнина, бар три пати неделно

Движете се кон нагорнина, па макар и тоа да е одење по скали, затоа што на овој начин ќе ги зајакнете мускулите и ќе го забрзате метаболизмот. Така ќе согорите повеќе калории. Почнете со три пати неделно, па доколку можете полека зголемувајте го интензитетот.

Маркетинг

3. Со секое пешачење додајте и некоја вежба

Слабеењето со пешачење не подразбира само чекорење. Правете паузи, а за тоа време правете склекови, чучневи и слично. Сите вежби ќе го забрзат отчукувањето на срцето, ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите, а притоа и пешачењето нема да ви биде досадно.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button