Реклама
Блог

Отворено писмо до Владета, Дурлета, Бетмена и сите што се бунат што „хунтата“ ја пикна оваа тајфа во темни зандани

Реклама

Оваа порака ни стигне во инбокс

Потпишана е со псевдонимот Робин Худ Џуниор од Кривогаштани, чoвекот кој во времето кога речиси и да не постоеше опозициски медиум, редовно ја критикуваше претходната власт. Но бидејќи не сакаше да земе партиска книшка, а воедно ни да биде на платниот список кај Сорос и неговата тајфа, реши да замине во јабана. Сега вели дека не му е како дома, дури и му е полошо, бидејќи нема со кој да го тупи и да бистри политика. А и мора да работи со селебрити фаци, а тоа не е нешто што го импонира. И сега пари има, има и за ганџа, ама едноставно нема време да денгубење, професија која во Македонија е раширена како епидемија. Го нема она безделничење по кафеани, пиење пивце и решавање на општествените проблеми од загадувањето на Скопје, се до швалерките на прокопсаното министерче што се бркаше со автото низ центарот на Скопје и потоа на ТВ глумеше како да е од Монти пајтон.

Маркетинг

Отворено писмо до Илија Димовски: „за која и за каква служба работите вие бре, господине Димовски? >>

Еве што (ни) вели тој:

Маркетинг

Партиоти.. шо му се секирате за Владо Јовановски, Бетмен велит и Дурловски. Па ова е само генерална проба, увертира за она шо „тек ќе“ следи, зарем не гледате? Ви ја мерат машкоста, а богами не се покажавте дека можете да му се фатите за мандалото на Ќосето и Ванчета. И ако ви пречи ова, односно неправдата, па каде бевте да се буните кога Албанците ги осудија по две-три години затоа што скршиле неколку прозора за време на протестите пред судот? (знам дека звучи иронично, ама кога сите сме еднакви пред господ, богами треба да сме еднакви и пред судот, нели?). Или каде бевте да се буните кога судот ги стави во домашен притвор оние кои протестираа против аболицијата на Хорхе и за Мартин Нешкоски? Или кога ги апсеа (и тепаа) студентите? Или шарените? Или Бошковски, кога од авион се гледаше дека е местенка (и тоа во соработка со луѓе од грчките тајни служби!)? Или кога вадеа снимки од Заев, а сега ви сметаат овие од Чавков. Гледано низ вашето чоканче, правдата за едни треба да биде мајка, а за други маќеа? Има уште многу што можам да ви го порачам во овие тмурни времиња, но ќе ви кажам само едно: Ме заболи папакот за Владета и Бетмена, како и за Дурловски. Ме заболе бе и за Мијалков и Груевски ако решиле да ги апсат и ако ги осудат на 30 години. И за вас ќе ме заболи ако решите да направите некоја глупост (како оној старион што ја тегнеше косата на Шекеринска на пример) за која подоцна ќе се каете. Зарем не гледате дека ни ја е6аа државата, а малку фалеше да направат и дармар со нашите семејства втурнувајќи не сите во војна.

И јас сега да плачам за нив?!

Море ајде сиктер таму.

Партиоти, ако навистина верувате во она што го мислите, земете ги кубуриштата и првец герила.. или две три кофи барут, па пробајте си ја среќата пред американска амбасада. Или што знам, киднапирајте некој „тешкаш“ од редовите на сегашната власт, па уценувајте. Барем така ќе бидеме дефицит со патритутки, ако ништо друго. Ќе се сторите ништо и конечно ќе го оставите народецот напатен да си го јаде лебецот сиромашен.

Претеравте више!

Не сте патриоти ако сте на страната на оние што го понижија Златко Ориѓански пред неговиот стан од 34 метри квадратни и пред неговата жена и три малолетни деца >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button