„Ништо немам јадено од завчера, но издржувам колку што можам“ – потресната приказна на малиот Ален ќе ве расплаче (видео)
На многумина на Балканот не им цветаат рози
Малиот Ален од Зеница (Босна и Херцеговина) го изгуби таткото пред нешто повеќе од месец дена, а неговата мајка Азра е во постела бидејќи и е дијагностицирано малигно заболување на три места. „Мајка ми е болна, има многу болести, не можам јас тоа да го објаснувам. Таа лежи, пие лекови, многу пакетчиња со лекови“, вели во солзи малиот Ален. Тој и покрај тоа што има потреба од многу работи, има само една желба. „Најголема желба ми е мајка ми да оздрави, да се излечи од сите тие болести“ вели тој. И додека неговата мајка го покажува празниот фрижидер, Ален низ плач одговара на прашањето дали е гладен.
{youtube}Xcq5m1ovDEc{/youtube}
„Да, гладен сум, но не ми е срам да кажам дека немам што да јадам. Едноставно немам. Немам јадено ништо од вчера, ни денес. Што да правам? Се држам колку што можам“, вели Ален во солзи и додава. „Јас не сум важен, ја гледам мајка ми, нејзе да и биде подобро, тоа сега ми е најважно. Тоа што го имав, го изгубив, сега морам неа да ја чувам, а не себеси“.
Неговата приказна не остави без зборови, но и не натера и да ја разбереме суровоста и болната реалност што ја преживуваат некои луѓе на Балканот.